Славни мажи кои се венчаа со анонимни жени (и живеат во среќен брак)
Двејн Џонсон и Лорин Хашиан
Актерот и неговата сопруга се познаваат скоро 18 години.
Се запознале на филмски сет во 2006 година, а љубовната врска ја почнале следната година, откако Џонсон се развел од својата тогашна сопруга.
Во јавноста првпат се појавија заедно во 2013 година. Се венчаа во 2019-та, откако им се родија двете деца, Јасмин и Тиана.
Клајв Овен и Сара-Џејн Фентон
Британскиот актер Клајв Овен скоро три децении е во љубовна хармонија со сопругата Сара-Џејн Фентон.
Тие се запознале на снимањето на филмот Romeo and Juliet.
Сара во тоа време била актерка, но се откажала од кариерата и почнала да држи предавања низ Британија поврзани со менталното здравје на луѓето.
Клајв, пак, честопати знае да каже дека има успешна кариера токму поради безрезервната поддршка од сопругата.
Метју Фокс и Маргарита Рончи
Парот се запознал во текот на студиите на Универзитетот Колумбија, па откако биле во врска неколку години, се венчале во 1992-ра.
Маргарита, која е родена во Венеција, пред да се пресели во САД работела како модел.
Таа денес е претприемач со свој бизнис, но му е и голема поддршка на својот сопруг.
Кристофер Хивџу и Грај Молвеар
Грај е режисер и продуцент, но во областа на документарните филмови.
Од 2015-та е во брак со ѕвездата на Game of Thrones.
Парот има две ќерки, но никогаш не ги водат на јавни настани и не објавуваат нивни фотографии на социјалните мрежи.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





