Славни мажи кои се венчаа со анонимни жени (и живеат во среќен брак)

Еден од најдолговечните холивудски бракови со жена која не е дел од светскиот џет сет го има Мет Дејмон, кој сопругата ја запознал во локал каде што таа работела како шанкерка... Кои други ѕвезди избраа „обични“ жени за сопруги?

slavni-mazhi-koi-se-venchaa-so-anonimni-zheni-i-zhiveat-vo-srekjen-brak-01.jpg

Иако повеќето светски ѕвезди стапуваат во брак со други ѕвезди, има и такви кои љубовта ја пронајдоа далеку од светот на богатите и славните.

Еден од најдолговечните бракови со анонимна жена го има Мет Дејмон, кој сопругата ја запознал во локал каде што таа работела како шанкерка. Тие се венчаа во 2005 година.

Кои други славни мажи имаат среќен брак со „обични“ жени?

Џад Лоу и Филипа Коан

Актерот Џад Лоу живее мирен и повлечен живот со психологот Филипа Коан.

Тие се запознале во 2015 година, а четири години подоцна се венчаа на интимна церемонија во Лондон. Во 2020 година станаа родители.

Лоу зад себе има еден брак и неколку скандалозни врски за кои пишуваа и светските медиуми, па откако е со Коан, во јавноста не зборува скоро ништо за нивниот заеднички живот.

slavni-mazhi-koi-se-venchaa-so-anonimni-zheni-i-zhiveat-vo-srekjen-brak-08.jpg

Вуди Харелсон и Лора Луи

Актерот и неговата сопруга се запознале во 1987 година, кога таа се вработила како негов личен асистент.

Врската ја почнале три години подоцна, а се венчаа на мала церемонија на Хаваи.

Двојката има три ќерки.

slavni-mazhi-koi-se-venchaa-so-anonimni-zheni-i-zhiveat-vo-srekjen-brak-03.jpg

Пол Рад и Џули Јегер

Популарниот актер во 2003 година се ожени со продуцентката и сценаристка Џули Јегер.

Тие се запознале неколку години претходно кога Рад барал публицист и случајно наишол на Јегер.

Парот има две деца, кои многу ретко се појавуваат во јавноста покрај својот славен татко.

slavni-mazhi-koi-se-venchaa-so-anonimni-zheni-i-zhiveat-vo-srekjen-brak-06.jpg

Роберт Дауни Џуниор и Сузан Левин

Актерот и продуцентката се запознале во 2003 година за време на снимањето на филмот Gothika, а по еден месец се свршиле.

Свадбата направиле две години подоцна, а имаат две деца.

slavni-mazhi-koi-se-venchaa-so-anonimni-zheni-i-zhiveat-vo-srekjen-brak-04.jpg

Уште 4 парови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава