„Со двајца пријатели ме дрогираа и брутално ме силуваа“ - Жена тврди дека на 17 години била жртва на Пи Диди

„Тој и неговите двајца пријатели наизменично ме силуваа, додека јас неколкупати загубив свест“ – тврди жената која изнесе нови сериозни обвиненија против раперот и музички продуцент познат како Пи Диди. Наводно кога имала само 17 години, жената била жртва на групно сексуално насилство.

so-dvajca-prijateli-me-drogiraa-i-brutalno-me-siluvaa-zhena-tvrdi-deka-na-17-godini-bila-zhrtva-na-pi-didi-01.jpg

Нови главоболки за музичкиот продуцент и рапер Шон Комбс, попознат како Пи Диди.

Откако во ноември минатата година неговата поранешна девојка го обвини дека тој со години ја тепал и ја терал да има секс со други мажи, сега уште една 38-годишна жена излезе со тврдење дека била жртва на силување во неговото студио, пред 20-тина години, во периодот кога била малолетна.

so-dvajca-prijateli-me-drogiraa-i-brutalno-me-siluvaa-zhena-tvrdi-deka-na-17-godini-bila-zhrtva-na-pi-didi-02.jpg

Светските медиуми ја пренесуваат приказната на четвртата жена која тврди дека била жртва на сексуален напад од раперот, кој во минатото беше во врска и со Џеј Ло.

Наводно Пи Диди (54) поднел судска жалба против тврдењата на анонимната жена, која тврди дека тој заедно со неговиот пријател Харве Пјер и трет неименуван маж ја земале со нив со авион во неговото студио во Њујорк, каде ја дрогирале и ѝ дале да пие огромно количество алкохол, иако таа имала само 17 години.

Според нејзиното тврдење, тројцата мажи ја силувале додека таа неколкупати ја губела свеста и се будела, по што претрпела големи болки и воопшто не знае како си дошла дома.

so-dvajca-prijateli-me-drogiraa-i-brutalno-me-siluvaa-zhena-tvrdi-deka-na-17-godini-bila-zhrtva-na-pi-didi-03.jpg

Жената објави и фотографии на кои е во студиото на Пи Диди и му седи во скутот, а музичарот даде долго објаснување при што ги отфрли сите обвиненија, па рече дека тоа никогаш не се случило.

Тој исто така тврди дека фотографиите се фотомонтажи и дека нивното објавување е извадено од контекст.

so-dvajca-prijateli-me-drogiraa-i-brutalno-me-siluvaa-zhena-tvrdi-deka-na-17-godini-bila-zhrtva-na-pi-didi-04.jpg

За потсетување, во претходниот случај со неговата поранешна девојка Кеси, Пи Диди исплати милионска сума за да постигне спогодба и да не дозволи случајот да оди во судниците.

Кеси тврдеше дека Пи Диди редовно носел машки проститутки и ја терал да има секс со нив и сакал да ја гледа додека го прави тоа.

so-dvajca-prijateli-me-drogiraa-i-brutalno-me-siluvaa-zhena-tvrdi-deka-na-17-godini-bila-zhrtva-na-pi-didi-06.jpg

Прочитајте и „10 години ме тепаше и ме снимаше додека имам секс со други мажи“: Бившата на Пи Диди со скандалозни обвиненија

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg