Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа)

Кристина Агилера

Како Шарлиз, и Кристина пораснала во семејство со насилен татко.

Поради ова, таа често гласно ги поддржува жените и мажите кои и самите се жртви.

„Ова е тема која многу ме погодува бидејќи отсекогаш сум била гласна и отворена за домашното насилство што го гледав кај мене дома, но и во соседните куќи.

Насилството беше константно кога бев мала. Ова е тема за којашто се молчи. Никој не сака да зборува за неа. Прави луѓето да се чувствуваат непријатно, па затоа и има многу срам.

Но токму затоа за мене е важно да го споделам моето искуство и да им помогнам на другите да најдат надеж во безнадежна ситуација“, изјави пејачката за Us Weekly.

poznati-zheni-koi-bile-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-05.jpg

Мараја Кери

Кога имаше 20-тина години, Мараја Кери беше во брак со Томи Мотола – моќен бизнисмен во музичката индустрија кој има и неколку свои продуцентски студија.

Тој е 20 години постар од пејачката и иако можеби не бил физички насилен, Мараја се соочувала со психолошка тортура.

Тие се разделија по четири години брак, а Мараја првпат прозборе за него две децении подоцна.

„Јас бев со партнер кој имаше огромна контрола врз мојот живот. Беше многу постар од мене, имаше многу моќ и пробуваше да ме изолира од сите луѓе.

Тогаш мислев дека никогаш нема да излезам од тој брак“.

poznati-zheni-koi-bile-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-06.jpg

Стејси Соломон

Британската водителка и ријалити ѕвезда неодамна откри дека во младоста била во насилна врска.

Кога се отвори за трауматичниот период, таа истакна колку лошо влијание имаат овие ситуации врз жртвите.

„Бев во насилна врска, а ваквите врски прават да заборавиш кој си. Чувствував дека никогаш повторно нема да бидам истата личност.

Без разлика што ќе правам, ќе бидам оваа чудна верзија од мене. Го презирам насилниот партнер што одзеде дел од мене“.

poznati-zheni-koi-bile-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
„Ме остави за пејачка откако му родив дете“: Бившата на дечкото на Аријана Гранде емотивна за болнио... „Не мислев дека некогаш ќе се разведам. Особено не откако го родив моето прво де...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg