„Најдобро чувана тајна во Холивуд“: Гал Гадот ја роди 4-тата ќерка, никој не знаеше дека е бремена (фото)

Со фотка на Инстаграм, Гал Гадот откри дека добила уште една ќерка, а веста беше огромно изненадување дури и за нејзините најголеми фанови, бидејќи никој не ни знаеше дека е бремена.

najdobro-chuvana-tajna-vo-holivud-gal-gadot-ja-rodi-4-tata-kjerka-nikoj-ne-znaeshe-deka-e-bremena-foto-01.jpg

На големо изненадување на фановите, особен оние кои редовно ја следат, Гал Гадот во средата (06.03) откри дека го добила четврто дете – и овој пат девојче.

Актерката ги соопшти вестите со емотивна фотка од неа и ќерката која откри дека се вика Ори.

„Мое слатко девојче, добредојде. Бременоста не беше лесна и успеавме.

Донесе многу светлина во нашите животи, што одговара со твоето име, Ори, кое значи ’моја светлина‘ на хебрејски. Нашите срца се полни со благодарност.

Добредојде во нашата куќа на девојки. И тато е навистина кул“, стои во описот.

Убавите вести беа шок за обожавателите на 38-годишната актерка бидејќи никој не ни знаеше дека таа е бремена.

Многумина се шегуваат и дека оваа бременост на актерката е „најдобро чуваната тајна во Холивуд“.

Периодов актерката не објавуваше фотки од себе, а речиси и да не се појавуваше во јавност.

Последно, актерката беше забележана во Лос Анџелес на 4-ти декември и носеше црни кожени панталони со широк блузон.

А, поради аутфитот, стомачето едвај ѝ се познава.

najdobro-chuvana-tajna-vo-holivud-gal-gadot-ja-rodi-4-tata-kjerka-nikoj-ne-znaeshe-deka-e-bremena-foto-05.jpg

Последниот настан на којшто присуствуваше беше холивудската премиера на филмот Barbie на 9-ти јули.

najdobro-chuvana-tajna-vo-holivud-gal-gadot-ja-rodi-4-tata-kjerka-nikoj-ne-znaeshe-deka-e-bremena-foto-04.jpg

Ова е четврто дете на Гал Гадот и нејзиниот сопруг со кој е во брак од 2008 година.

Тие ги имаат и ќерките Алма (12), Маја (6) и Даниела (2).

najdobro-chuvana-tajna-vo-holivud-gal-gadot-ja-rodi-4-tata-kjerka-nikoj-ne-znaeshe-deka-e-bremena-foto-02.jpg

Во 2020 година, актерката откри дека со сопругот се сретнале на настан поврзан со јога и истакна дека веднаш се вљубиле еден во друг.

Денес тие го имаат едниот од најстабилните бракови во Холивуд.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...

Најчитани неделава