Девојката одговорна за пиштолот на Алек Болдвин е осудена за убиство: „Не покажа знаци на каење“

Таа не покажа никаква реакција кога ѝ беше изречена казната, но мајка ѝ со солзи ја дочека одлуката на судијата со која асистентката на филмот Rust, која му го дала пиштолот на Алек Болдвин, е прогласена виновна за убиството на кинематографката Халина Хачинс.

devojkata-odgovorna-za-pishtolot-na-alek-boldvin-e-osudena-za-ubistvo-ne-pokazhala-znaci-na-kaenje-01.jpg

Хана Гутиерез Рид, асистентката на филмскиот сет на филмот Rust е обвинета за убиство од невнимание, по инцидентот кога актерот Алек Болдвин со пиштол ја усмрти кинематографката Алина Хачинс.

devojkata-odgovorna-za-pishtolot-na-alek-boldvin-e-osudena-za-ubistvo-ne-pokazhala-znaci-na-kaenje-02.jpg

Алек Болдвин ќе се најде на суд за истиот случај во јули годинава, па засега не се знае каков би можел да биде исходот од рочиштето.

devojkata-odgovorna-za-pishtolot-na-alek-boldvin-e-osudena-za-ubistvo-ne-pokazhala-znaci-na-kaenje-06.jpg

Според информациите објавени во светските медиуми, асистентката Хана е обвинета затоа што од невнимание дозволила во пиштолот да се најде вистински куршум со којшто актерот Алек Болдвин ненамерно ја застрелал и ја усмртил кинематографката Халина Хачинс.

Таа беше ослободена од обвинението дека се обидела да манипулира со доказниот материјал.

„Хана Гутиерез Рид, која е ќерка на почитуваниот оружар Тел Рид, се соочува со затворска казна од 18 месеци.

Таа не покажа никаква емоција за време на изрекувањето на пресудата, но членови на нејзиното семејство плачеа додека седеа зад неа“ – пренесува Daily Mail.

devojkata-odgovorna-za-pishtolot-na-alek-boldvin-e-osudena-za-ubistvo-ne-pokazhala-znaci-na-kaenje-07.jpg

За време на судењето, Хана ги обвинила сите освен себеси. Според нејзините адвокати, Алек Болдвин бил „големиот шеф“ кој барал од сите да работат побрзо и ги игнорирал безбедносните проверки бидејќи филмот се снимал со ограничен буџет.

devojkata-odgovorna-za-pishtolot-na-alek-boldvin-e-osudena-za-ubistvo-ne-pokazhala-znaci-na-kaenje-04.jpg

По завршувањето на судењето, Хана веднаш беше пренесена во затвор за да ја отслужи казната.

devojkata-odgovorna-za-pishtolot-na-alek-boldvin-e-osudena-za-ubistvo-ne-pokazhala-znaci-na-kaenje-08.jpg

Се очекува дека ако Алек Болдвин биде осуден во јули, и тој ќе добие слична казна во траење од 18 месеци.

За потсетување, инцидентот се случи во октомври 2021-ва година кога Алек Болдвин на снимањето на филмот Rust ја застрела кинематографката Халина Хачинс (42), а го повреди и режисерот Џоел Суза кој преживеа и беше повикан како сведок во судот.

devojkata-odgovorna-za-pishtolot-na-alek-boldvin-e-osudena-za-ubistvo-ne-pokazhala-znaci-na-kaenje-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...

Најчитани неделава