За Софија Лорен рече дека е „коза“ во споредба со неа, младиот љубовник ја уништи – Факти за Џина Лолобриџида
Џина и Хавиер се запознале во 2006-та година и се разделиле по неколку месеци, но во повеќе таблоиди беше објавена веста дека актерката се омажила за нејзиниот млад дечко.
Џина го тужеше Хавиер во 2013-та година и ја загуби тужбата, но нивниот брак се заврши во 2019-та година.

Сепак, според изјавите на нејзиниот син, најголема штета ѝ направил асистентот Андреа Пиацола (36), кој во ноември минатата година беше обвинет дека украл милиони од актерката пред нејзината смрт.

Андреа во нејзиниот дом дошол да работи како возач на возраст од само 24 години, а според нејзиниот син имал толку големо влијание врз неа, што успеал да ја оддалечи од децата и семејството, со цел да ѝ го земе имотот, парите, автомобилите и накитот.

Во последните години од нејзиниот живот Џина немала никаков контакт со синот Милко, а тој со сите напори се трудел да добие легално старателство над неа, но во 2017-та година кога конечно го постигнал тоа, тие двајца сфатиле дека нејзиното богатство речиси во целост било потрошено од страна на младиот асистент.

Кога Џина почина во 2023-та година, затоа што ѝ откажаа бубрезите, најголемиот дел од нејзиното богатство било потрошено. Нејзиниот имот морал да се распродаде за да се платат долговите што таа ги оставила зад себе.

Нејзиниот син Милко тврди дека пет години пред смртта ја немал видено мајка му, а кога дошол да се прости со неа на нејзината смртна постела, таа му рекла:
„Сѐ направив погрешно!“.
Синот додава дека актерката била мошне емотивна во тој миг и сфатила што сѐ загубила.

Последните денови Џина ги поминала во клиника во Рим, а нејзиниот син вели дека асистентот Андреа, кога сфатил дека таа веќе нема да се разбуди, само си заминал и побегнал од болницата.
Но, во годините додека живеел со неа, Андреа водел луксузен животен стил, а сите пари што Џина му ги давала, тој ги префрлал во „офшор“ сметки.

Тој денес е во затвор каде отслужува тригодишна затворска казна, а нејзиниот син ја споделува нејзината приказна како предупредување за богатите жени низ светот кои можат лесно да станат плен на млади опортунисти.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“...
Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак...
Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае...
Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту...
„Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ...
„Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...