Имаат милијарди, а не се полнолетни: Кои се 5-те најбогати деца на светот?

Принцезата Шарлот е најбогатото дете на светот, а на листата најбогати деца е и нејзиниот постар брат, принцот Џорџ. Кои се останатите три деца што имаат милијарди, иако сè уште не се полнолетни?

imaat-milijardi-a-ne-se-polnoletni-koi-se-5-te-najbogati-deca-na-svetot-01_copy.jpg

Многу деца во светот имаат милиони на својата сметка во банка, но има и такви кои поседуваат милијарди. Овие пари им се наследство од богатите родители.

Најбогато дете во светот е британската принцеза Шарлот, која има 5 милијарди долари на неполни 9 години.

Кои се останатите 4 деца и колкаво е нивното богатство?

Принцезата Шарлот - 5 милијарди долари

Единствената ќерка на Кејт и Вилијам е најбогатото дете на светот со 5 милијарди долари. Повеќето пари ѝ се семејно наследство.

А, според британските медиуми, кога ќе порасне, Шарлот најверојатно ќе најде работа и самата ќе заработува, наместо да биде целосно посветена на кралските должности.

Принцот Џорџ - 3,6 милијарди долари

10-годишниот принц Џорџ е најстарото дете на Кејт и Вилијам и сега втор во редот за наследник на британскиот трон.

Неговото богатство е проценето на 3,6 милијарди долари и тоа делумно преку семејно наследство, но се пресметува и преку тоа колку е силна економијата на Британија и колкава е способноста на Џорџ (преку својот лик) да заработи милијарди.

Блу Ајви Картер - 720 милиони долари

Најстарата ќерка на Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви Картер (12) веќе има наследено милиони од своите славни родители. Но, таа заработува и самата од авторски права.

Таа во 2019 година направи песна за The Lion King: The Gift, Brown Skin Girl, која ѝ донесе многу пари, номинации, но и награди, меѓу кои и Греми.

Сторми Вебстер - 410 милиони долари

Сторми (6), ќерката на Кајли Џенер и раперот Тревис Скот, има богатство од 410 милиони долари, а овие пари ѝ се наследство од нејзините богати родители.

Но, таа поседува и раскошна игротека, која ѝ е подарок од баба ѝ, а која вреди неколку милиони долари.

Норт Вест - 375 милиони долари

Најстарата ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, Норт (10) има големо наследство од родителите - тие имаат формирано банкарски фонд во нејзино име, а парите постојано се инвестираат, но има и недвижнини на свое име.

Таа има и свој моден бренд, односно линија во модниот бренд на нејзината мајка, а сите пари од продажбата на овој бренд одат кај неа. Таа во 2023 го позајми својот глас во филмот Paw Patrol: The Mighty Movie.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Заради неа бил сигурен дека ќе остане „вечен ерген“: Детали за првиот (и многу краток) брак на Џорџ ... Пред да ја запознае Амал, со години Џорџ Клуни тврдеше дека ќе биде вечен ерген ...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...

Најчитани неделава