Познати личности чии сакани биле сурово убиени

Сестрата на Ice Cube била убиена од нејзиниот сопруг

Познатиот рапер пораснал во област во Лос Анџелес каде што имало сериозен проблем со зависници и насилство, а ова e инспирација за бројни негови песни.

Раперот имал само 12 години кога ја изгубил неговата полусестра Беверли. Тогаш таа имала само 22 години, а јa убил нејзиниот сопруг.

Раперот има изјавено дека тој инцидент ставил голема трага во неговиот живот:

„Ме натера да сфатам колку суров може да биде светот. Ме натера да сфатам дека нешто скапоцено како животот може да ти биде одземено од некој што го знаеш.

Ме натера да сфатам дека животот не е шега и ме направи посериозна личност“.

poznati-lichnosti-chii-sakani-bile-surovo-ubieni-05.jpg

Џенифер Хадсон има доживеано страшна семејна трагедија

Џенифер Хадсон има бројни таленти – таа е актерка, продуцентка, водителка… А, зад себе има и голема трагедии.

Актерката и целото нејзино семејство не биле во добри односи со сопругот на сестра ѝ Џулија.

Во 2008-ма, тој отишол во домот на Џулија и видел дека таа добила подарок од нејзиниот нов дечко, па ова го разгневило.

Кога сестрата на актерката отишла на работа, тој влегол во куќата и ги убил мајка ѝ и брат ѝ.

Потоа го киднапирал и го убил и синот на Џулија, оставајќи ги актерката и сестра ѝ без три члена од семејството.

Џенифер Хадсон присуствуваше на судењето и оттогаш неколкупати зборуваше за трагедијата. Во 2012-та изјави и дека му простила на убиецот.

„Мислам дека донекаде, и не е негова вина. Тој така беше научен, така го воспитале… Никогаш немал можност да стане добар човек“.

poznati-lichnosti-chii-sakani-bile-surovo-ubieni-06.jpg

Мајкл Џордан го изгуби татко му

Во периодот кога го достигнуваше врвот на славата, Мајкл Џордан остана без татко му кој беше убиен.

Во јули 1993 година, тато му Џејмс Џордан исчезнал и по него се трагало скоро цел месец.

Најпрво бил откриен неговиот автомобил, а набрзо потоа полицајците го нашле и неговото тело.

Според надлежните, Џејмс го паркирал автомобилот за да дремне бидејќи го чекал долг пат. Тогаш го виделе двајца мажи кои сакале да му го украдат автомобилот.

Но, ситуацијата ескалирала и еден од мажите го застрелал и убил Џејмс.

Подоцна се појавија и теории на заговор дека не станува збор за обид за кражба, туку дека Џејмс бил убиен поради долговите од коцкање на син му Мајкл.

poznati-lichnosti-chii-sakani-bile-surovo-ubieni-07.jpg

Сестрата на Венус и Серена Вилијамс била убиена

Венус и Серена Вилијамс имаат браќа и сестри кои не се познати колку нив. Но, животот на една од сестрите завршил трагично.

Во 2003 година, сестра им Јетунд Прајс била во автомобилот со нејзиниот дечко и возеле низ опасно соседство.

Тие се паркирале пред домот на дилер на дрога и им го привлекле вниманието на двајца мажи кои чувале стража пред куќата.

Мажите биле вооружени и почнале да пукаат кон автомобилот, по што дечкото на Јетунд веднаш почнал да вози. Но, не бил свесен дека Јетунд била застрелана во главата.

Кога сфатил дека нешто не е во ред, тргнал кон куќа на роднини во близина и повикал брза помош. Но, девојката починала речиси веднаш откако ја однеле во болница.

poznati-lichnosti-chii-sakani-bile-surovo-ubieni-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Се откажала од кариерата како модел, побегнала во САД откако картелите го убиле брат ѝ – помалку поз... Татко ѝ имал ранч со фарма, а затоа што биле финансиски добро ситуирани постојан...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Надежни актери и музичари кои на трагичен начин го изгубија животот, пред да наполнат 30 Шерон Тејт беше убиена од страна на култот на Чарлс Менсон, Ребека Шефер беше уб...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg