Енрике извади бенка, Мајкл Даглас се подмладува - Славни мажи кои направија естетски корекции

Дејвид Бекам, Мајкл Даглас, Џорџ Клуни се само дел од познатите заводници кои направиле естетски корекции. За какви зафати и промени во изгледот станува збор?

slavni-mazi-koi-napravija-estetski-korekcii-01.jpg

Навикнати сме на познати дами кои го следат трендот на естетски корекции, но овие холивудски мажи се доказ дека сè почесто и посилниот пол носи одлука за промена на својот изглед.

Погледнете кои мажи припаѓаат тука:

Џо Џонас

Пејачот Џо Џонас и јавно призна дека се решил за ботокс со цел одложувањето на знаците на стареење.

Дејвид Бекам

На списокот славни мажи кои направиле естетски корекции се споменува и Дејвид Бекам кој никогаш јавно не признал дека променил нешто на своето лице.

Се шпекулираше дека има ботокс или филери за лице за да го одржи својот младешки изглед, а многумина тврдат дека Бекам има пресадено и коса.

Џорџ Клуни

Тој е дефинитивно решен да го задржи епитетот најсекси маж.

Не криејќи од јавноста, Клуни во едно интервју со Опра кажа дека направил естетска операција на очните капаци.

Енрике Иглесијас

На почетокот на својата кариера заводникот Енрике Иглесијас имаше бенка на лицето која потоа реши да ја отстрани иако многумина сметаа дека таа беше негова препознатлива карактеристика.

slavni-mazi-koi-napravija-estetski-korekcii-.jpg

Мајкл Даглас

Мајкл јавно призна дека направил фејслифтинг во 2000 година, по што не престанал со третманите за подмладување на лицето.

slavni-mazi-koi-napravija-estetski-korekcii--.jpg

Брус Џенер

Брус важеше за еден од најдобрите олимписки натпреварувачи на сите времиња, но целиот живот криејќи се зад своето машко тело, тој реши да се трансформира па денес е Кејтлин Џенер.

Брус е поранешниот сопругот на Крис Џенер

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му забраниле да служи војска, почина на само 32 години: Тажни детали од животот на Брус Ли Неколкупати ја запросил првата девојка, но таа го одбила, а почина на 32-годишна...
Заради неа бил сигурен дека ќе остане „вечен ерген“: Детали за првиот (и многу краток) брак на Џорџ ... Пред да ја запознае Амал, со години Џорџ Клуни тврдеше дека ќе биде вечен ерген ...
Хали Бери (59) се вери со дечкото, по три разводи: „Ми се смачи да ме жалат дека сум кутра и немам с... „Не е точно дека кажав НЕ, секако дека ќе се омажам за него. Во минатото, по 3 р...
Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
По два развода, Џесика Симпсон се забавува со помлади мажи: „Сакаат самоуверени возрасни жени, тоа м... „Мислам дека во моментов ми се допаѓаат само помлади мажи. Кога си тазе сингл......

Најчитани неделава