Карлос Солис од „Очајни домаќинки“ старее како виното: Како изгледа актерот 14 години по крајот на серијата?

Со актерството почнал да се занимава во средно училиште за да проба да ја преболи загубата на мајка си, која починала од рак кога имал 15 години. Се сеќавате ли на Рикардо Антонио Чавира, шармантниот Карлос Солис од серијата „Очајни домаќинки“?

kako-izgleda-denes-akterot-koj-goglumesekarlos-solis-od-ocajni-domakinki-staree-kako-vinoto-uste-ja-nosi-titulata-zavodnik-01.jpg

Актерот Рикардо Антонио Чавира е еден од водечките латино актери во светот. Роден е на 1 септември 1971 година во Сан Антонио, Тексас, како син на Хуан Антонио Чавира, кој бил судија и Елизабета, која се стекнала со дури три дипломи.

Иако глуми од тинејџерските години, ја освои публиката со ликот на богатиот заводник Карлос Солис во популарната серија „Очајни домаќинки“.

Серијата почна да се прикажува во 2004 година и за кратко време доживеа огромен глобален успех.

Karlos-solis-02.jpg

Улогата на Карлос Солис, сопругот на Габриел Солис, која ја толкуваше Ева Лонгорија, му донесе вистински успех.

Рикардо преку ноќ стана миленик на женската публика, особено на оние од Латинска Америка.

Во јавноста во тоа време се веруваше дека Рикардо и Ева се во љубовна врска и во реалниот живот, но актерите ги негираа таквите тврдења.

За време на снимањето, Лонгорија беше во брак со кошаркарот Тони Паркер, од кого се раздели пред да почне да се емитува последната сезона на серијата. 

Чавира, пак, во тоа време беше во врска со Марсела, со која е сега во брак.

Парот има две деца, синот Томас и ќерката Белен, на кои актерот вели дека е многу горд.

kako-izgleda-denes-akterot-koj-goglumesekarlos-solis-od-ocajni-domakinki-staree-kako-vinoto-uste-ja-nosi-titulata-zavodnik-03.jpg

Тој во неколку наврати изјавил дека семејството и децата му се најважни и обожава да поминува време со нив во родниот Тексас.

Рикардо, пак, и денес е многу популарен, иако од прикажувањето на последната епизода на серијата поминаа повеќе од 10 години, а тој нема некоја позабележителна улога.

kako-izgleda-denes-akterot-koj-goglumesekarlos-solis-od-ocajni-domakinki-staree-kako-vinoto-uste-ja-nosi-titulata-zavodnik-04.jpg

Бидејќи не се појавува многу во јавноста, многумина се прашуваат како тој изгледа денес.

Тој е и понатаму заводник и старее како виното.

Повеќе фотографии од актерот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl? Актерот што го глуми Чак Бас беше обвинет за силување, па си ја уништи кариерата...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Му помогна да се прослави, па го остави без „скршен денар“: Која е првата сопруга на Антонио Бандера... Благодарение на првата сопруга, Антонио Бандерас научил англиски и успеа да стан...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава