Која големина на облека носеле најпознатите актерки од минатиот век?
- Детали
- недела, 12 мај 2024
Сте се запрашале ли која големина на облека носела Мерилин Монро или, пак Елизабет Тејлор во младоста?

Своевремено, актерките како Мерилин Монро и Софија Лорен биле симбол за убавина. А, жените и девојките до денес ги сметаат за модни икони и црпат инспирација од нив.
Истовремено, актерките од 20-тиот век генерално не правеле корекции на лицето, па она што го гледала јавноста била нивната природна убавина.
А, овој детаљ ги прави уште попривлечни.
Кога ќе се земе предвид дека сите се сметале за убавици и претставувале некој идеал, веројатно се прашувате која големина на облека носеле.
Секако, големината на облеката не одредува дали изгледате добро или не, туку важно е вие да се чувствувате пријатно „во своја кожа“.
Но, ако ве интересира - погледнете која големина на облека носеле актерките од 20-тиот век на врвот на славата:
Елизабет Тејлор – XS и S, со висина 157 сантиметри

Џина Лолобриџида – M, со висина 165 сантиметри

Грејс Кели – ХХЅ, со висина 169 сантиметри

Софија Лорен – М, со висина 174 сантиметри

Ингрид Бергман – М, со висина 175 сантиметри
