„Насекаде шета гол, непријатно ми е да го гледам“ – Српска новинарка за Финецот на Евровизија 2024

„Сигурна сум дека има некоја подлабока порака зад тоа, но навистина не е пријатно за гледање. Тој така се движи насекаде, но не е баш пристојно“ – вели српската новинарка Кристина Раденковиќ за настапот на финскиот претставник на Евровизија 2024.

finskiot-pretstavnik-nasekade-sheta-so-gol-zadnik-neprijatno-e-za-gledanje-srpskata-novinarka-za-sluchuvanjata-na-evrovizija-2024-01_copy.jpg

Меѓу претставниците што привлекоа големо внимание за време нa првата полуфинална вечер на Евровизија 2024, беше и финскиот претставник Windows95man, кој на сцената излезе со танга во боја на кожа и целиот сценски настап му се засноваше на криење на сопствената машкост и на голиот задник.

Тој ја изведе песната „No rules“, а гледачите пред малите екрани речиси и да не слушнаа за што пее, туку цело време се прашуваа дали е целосно гол или пак носи барем нешто нa себе.

Српската новинарка Кристина Раденковиќ која беше присутна во Малме, вели дека воопшто не било пријатно во живо да се следи неговиот настап.

„Јас тоа не го видов на пробата, ми беше непријатно да го гледам и не би сакала да го коментирам. Навистина е непотребно, а пораката на финскиот претставник е дека сите треба да бидеме голи.

nasekade-sheta-gol-neprijatno-e-za-gledanje-srpska-novinarka-za-finecot-na-evrovizija-2024-02.jpg

Сигурна сум дека има некоја подлабока порака зад тоа, но навистина не е пријатно за гледање. Тој така се движи насекаде, но не е баш пристојно“ – вели таа во изјава за српските медиуми.

Самиот претставник беше прашан за тоа што мисли за критиките упатени до него, на што одговори:

„Мојот изглед им се допаѓа на мојот син и на младите луѓе, но и на бабичките.

Сметам дека ако ним им се допаѓа и ако на децата и на старите луѓе не им е грижа, и мене веќе не ми е грижа.

Сметам дека возрасните треба да научат малку од нив и да се опуштат и да сфатат дека не е страшно ако видат мал дел од мојот задник“ – изјави тој.

nasekade-sheta-gol-neprijatno-e-za-gledanje-srpska-novinarka-za-finecot-na-evrovizija-2024-03.jpg

И покрај критиките Windows95man успеа да влезе во финале, па публиката ќе има можност уште еднаш да го види неговиот гол задник на 11-ти мај, кога ќе се натпреварува за победа на Евровизија 2024.

nasekade-sheta-gol-neprijatno-e-za-gledanje-srpska-novinarka-za-finecot-na-evrovizija-2024-05.jpg

Прочитајте и Ги прекрши правилата на настапот, страда од АДХД – Која е Иркинката што изведе сатанистички ритуал на Евровизија 2024?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се однесува како разгалена дива, вработените ја мразат: Помалку познати факти за Кристина Агилера Кристина Агилера со години страдала од депресија, а пораснала во дом со многу на...
„Едвај станувам од кревет, некогаш морам да носам пелени“: Кристина Еплгејт искрено за битката со му... „Болеста може да се манифестира на различен начин кај секого. Јас, на пример, ле...
Бритни покажа дека живее во хаос и прозборе за Сем Ашгари првпат по разводот: „Тажно е за гледање, ѝ... По реакциите и загриженоста на фановите, Бритни го избриша видеото во кое се гле...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Ја тера да трча маратон, не прави ништо без него: Дали Тревис ја контролира (и изневерува) Кортни Ка... „Се облекува како него, сака постојано да биде со него. Прави сè што прави тој, ...
Клои Кардашијан немала односи над 3 години: „Мајка ми ме тера да правам голи фотки, за секој случај“ Клои вели дека мајка ѝ Крис ја поттикнува да се фокусира на изгледот, да изгледа...

Најчитани неделава