Пред 20 години откажаа свадба, сега разводот е неизбежен – Комплицираната љубовна приказна на Бен Афлек и Џеј Ло

Гласините за разводот на Бен Афлек и Џеј Ло не стивнуваат, а наводно нивната куќа веќе е огласена за продажба. Неколку детали за комплицираната љубов на Бен и Џеј Ло која трае повеќе од две децении.

pred-20-godini-ja-odlozhija-venchavkata-sega-razvodot-e-neizbezhen-kompliciranata-ljubovna-prikazna-na-ben-aflek-i-dzhej-lo-01.jpg

Кога пред неколку години Џеј Ло и Бен Афлек ја обновија романсата, на фановите им беше јасно дека набрзо и ќе се венчаат.

Бен Афлек и Џеј Ло пред скоро две децении беа најпопуларниот пар, а јавноста и медиумите ги нарекуваа Бенифер.

Тогаш се разделија и им беа потребни повеќе од 20 години за да си дадат уште една шанса.

Но, сега извори блиски до парот тврдат дека разводот е неизбежен.

pred-20-godini-ja-odlozhija-venchavkata-sega-razvodot-e-neizbezhen-kompliciranata-ljubovna-prikazna-na-ben-aflek-i-dzhej-lo-13.jpg

Покрај тоа што изминативе неколку месеци ретко се појавуваат заедно, сега планирале да ја продадат и нивната заедничка куќа.

Куќата која се проценува на 60 милиони долари била огласена од агенција уште пред две недели.

Наводно, тие веќе не ни живееле заедно, односно Бен се иселил и живеел под кирија.

Изминативе неколку дена и двајцата беа забележани со нивните свршенички прстени, но не беа видени заедно.

Додека Џеј Ло беше излезена со пријатели, а наводно и разгледувала куќи, Бен беше фотографиран пред неговиот автомобил и не изгледа најсреќно.

pred-20-godini-ja-odlozhija-venchavkata-sega-razvodot-e-neizbezhen-kompliciranata-ljubovna-prikazna-na-ben-aflek-i-dzhej-lo-05.jpg

Неколку детали за комплицираната љубовна врска на Бен и Џеј Ло:

Парот се запознал во 2002 година, за време на снимањето на филмот Gigli.

Тој период Џеј Ло беше во брак со вториот сопруг – Крис Џад – од кого се разведе набрзо потоа.

По ова, Бен и Џеј Ло открија дека се пар и станаа една од најпопуларните двојки во светот на славните.

pred-20-godini-ja-odlozhija-venchavkata-sega-razvodot-e-neizbezhen-kompliciranata-ljubovna-prikazna-na-ben-aflek-i-dzhej-lo-02.jpg

Се свршија по помалку од една година заедно.

Во ноември 2002-ра, Џеј Ло откри дека Бен ја побарал за сопруга со прстен направен специјално за пејачката.

pred-20-godini-ja-odlozhija-venchavkata-sega-razvodot-e-neizbezhen-kompliciranata-ljubovna-prikazna-na-ben-aflek-i-dzhej-lo-08.jpg

Популарноста им создаваше проблеми во врската.

Бен и Џеј Ло беа сеприсутни во таблоидите во 2003 година.

Подоцна и двајцата зборува за овој период, изјавувајќи дека постојаното внимание им создавало огромен притисок.

Бен, пак, неодамна изјави дека тој период сите биле сурови кон Џеј Ло и дека таа ја добила заслужената почит дури сега.

pred-20-godini-ja-odlozhija-venchavkata-sega-razvodot-e-neizbezhen-kompliciranata-ljubovna-prikazna-na-ben-aflek-i-dzhej-lo-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Не дозволува стјуардеси во авионите, го контролира што јаде, па тој се крие со бургери – Како Џеј Ло... Џеј Ло има строги правила за Бен. Тој не смее да претерува со крофните и бургери...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg