Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц

Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал да си го смени личниот опис за да му дадат шанса. Сака да биде максимално дисциплиниран, а освен внимателна исхрана и вежби, тоа вклучува и воздржување од секс. Што знаеме за Лени Кравиц?

tvrdi-deka-9-godini-nemal-seks-se-chuva-za-vistinskata-pomalku-poznati-fakti-za-leni-kravic-01.jpg

Публиката од Македонија и од регионот со нетрпение го очекува концертот на Лени Кравиц што годинава ќе се одржи во Охрид за време на илинденските празници.

Станува збор за рок ѕвезда која е омилена кај македонската публика.

Досега музичарот имал свои концерти во Охрид и Скопје, а ова лето по третпат ќе настапи пред нашата публика.

tvrdi-deka-9-godini-nemal-seks-se-chuva-za-vistinskata-pomalku-poznati-fakti-za-leni-kravic-02.jpg

Освен со својата богата музичка кариера, Лени отсекогаш привлекувал внимание и со својот приватен живот, а добриот изглед и извајаното тело се причина плус за жените од целиот свет да лудуваат по него.

Освен што има објавено своја книга мемоари, Лени во интервјуа отворено зборува за својот живот, за тоа како е да се порасне како дете на славни родители, но сам да се избориш за сопствената слава, а зборува и за дисциплината и сексот.

Што знаеме за рок легендата?

Лени е роден на 26-ти мај 1964-та година како Леонард Алберт Кравиц. Тој е син на актерката Рокси Рокер, позната по улогата во хит-серијата The Jeffersons и на ТВ продуцентот Сај Кравиц, кој е со еврејско потекло.

tvrdi-deka-9-godini-nemal-seks-se-chuva-za-vistinskata-pomalku-poznati-fakti-za-leni-kravic-04.jpg

Иако учел во најелитните училишта во Беверли Хилс, Лени вели дека мајка му била решена да не го разгали, па тој немал ниту автомобил и на часови одел со автобус или го возеле некои од пријателите.

„Мајка ми беше во најпознатото шоу на телевизија 11 години, секако дека имаше пари да ми купи автомобил. Но, таа сметаше дека така нема да го воспита нејзиното момче да стане маж.

Немавме слугинки – во сабота мајка ми сама го чистеше тоалетот. Таа беше најпрекрасната личност“ – раскажа Лени во една пригода.

tvrdi-deka-9-godini-nemal-seks-se-chuva-za-vistinskata-pomalku-poznati-fakti-za-leni-kravic-09.jpg

Односот со татко му, пак, е сосема поинаков. Откако на 15 години тој му забранил на Лени да оди на концерт, младиот музичар одлучил дека треба да си оди од дома, па неколку месеци живеел како бездомник на улица.

tvrdi-deka-9-godini-nemal-seks-se-chuva-za-vistinskata-pomalku-poznati-fakti-za-leni-kravic-03.jpg

Иако неговите родители биле мошне славни, на Лени на почетокот на кариерата му рекле дека е премногу црномурест за да стане славен. Заради ова, почнал да настапува под името Ромео Блу, со исправена коса и сини леќи на очите.

tvrdi-deka-9-godini-nemal-seks-se-chuva-za-vistinskata-pomalku-poznati-fakti-za-leni-kravic-13.jpg

Во 1985-та година ја запознал актерката Лиза Боне и кога таа наполнила 20 години, парот се венчал во тајност. Една година подоцна ја добиле ќерката Зои.

tvrdi-deka-9-godini-nemal-seks-se-chuva-za-vistinskata-pomalku-poznati-fakti-za-leni-kravic-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава