Опасни лекови и операции – Низ што поминуваат старлетите откако зголемените задници веќе не се во мода?

Напорни вежби за топење на мастите

Британската ријалити ѕвезда Холи Хејган имала три процедури за бразилски лифтинг на задникот, а сега отворено зборува за процесот додека сама се обидува да ги врати работите во нормала, и тоа по природен пат.

opasni-lekovi-i-operacii-niz-shto-pominuvaat-starletite-otkako-zgolemenite-zadnici-vekje-ne-se-vo-moda-10.jpg

Откако стана мајка минатата година, таа е посветена со помош на вежби да ги стопи мастите што ѝ ги вбризгаа во задникот.

„Вистината е дека треба да живеам со испуштена, сплескана торба со масти на задникот и нема шанси пак да одам на операција за да го поправам тоа што сама си го направив и сега ќе живеам со грешките“ – изјави таа.

opasni-lekovi-i-operacii-niz-shto-pominuvaat-starletite-otkako-zgolemenite-zadnici-vekje-ne-se-vo-moda-11.jpg

Но, само неколку месеци по породувањето, таа успеа да го намали обемот на задникот за цели 23cm, што е импресивно.

Нова операција за отстранување

Уште една позната дама со зголемен задник е Лaтиша Грејс, учесничка на ријалити шоуто The Valleys на MTV.

opasni-lekovi-i-operacii-niz-shto-pominuvaat-starletite-otkako-zgolemenite-zadnici-vekje-ne-se-vo-moda-12.jpg

Таа замина на операција во Турција, каде со помош на липосукција треба да ѝ ги извадат мастите од задникот.

„Долго време сакав да се ослободам од задникот и се обидував тоа да го направам на природен начин.

Изгубив голем број килограми, одев во теретана секој ден и што и да направев, без разлика колку и да ослабам, не успевав да го стопам задникот“ – вели таа.

opasni-lekovi-i-operacii-niz-shto-pominuvaat-starletite-otkako-zgolemenite-zadnici-vekje-ne-se-vo-moda-13.jpg

Сепак, слично како што операцијата за бразилски лифтинг на задникот е една од најопасните, подеднакво опасна е и процедурата за отстранување на мастите од задникот, затоа што може да дојде до сериозна повреда на мускулите во задникот.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Се однесува како тиранин кон вработените, ги отпушта за најмала грешка - Кое е вистинското лице на Б... Додека обожавателите ширум светот ја гледаат како совршена ѕвезда и музичка икон...

Најчитани неделава