На што ги троши Тејлор Свифт милијардите?
Тејлор свири на пијано од 12 години, а благодарение на славата таа поседува голем број инструменти. Сепак, се смета дека најскапото нешто што го поседува е Steinway пијаното од 1913-та година, кое се проценува дека вреди околу 75.000 долари.

Таа исто така има голема колекција на гитари, а во 2023-та година подари два од своите инструменти, со цел да се соберат пари за деца заболени од рак. Двете гитари се продадоа по цена од 120.000 долари.

Во 2015-та година почнаа да кружат гласини дека пејачката ги осигурала своите долги нозе на износ од 40 милиони долари.

Сите знаат дека Тејлор е голем љубител на животните и има 3 мачки. Се верува дека за двете шкотски мачки платила по 1.500 долари за да ги набави и околу 2.500 за Ragdoll мачката.
Но, интересно е тоа што нејзините мачки веќе учествувале во неколку филмови и реклами, па се верува дека едната од нив има вредност од околу 97 милиони долари.
За другите две не се знае точно колку вредат, но сигурно не се далеку од неа.

Уште поинтересно е тоа што се проценува дека нејзиниот дечко, рагбистот Тревис Келце во моментов на сметката има околу 70 милиони долари, што е за околу 30 милиони помалку од нејзината мачка.

Тревис беше фатен на дело кога неговата мајка рече дека натпреварот на Super Bowl ќе го следи од трибините, а потоа сам си призна дека платил 3 милиони долари за ВИП ложа во која беа Тејлор и нејзиното семејство, како и потесното семејство на рагбистот.
Сам си призна дека е скапо да се биде во врска со неа, но популарноста што ја стекна му донесе и многу поголема заработка.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак...
Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ...
„Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту...
„Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Користи приватен авион за само 6km, ја тужат за плагијати: Најголемите контроверзии на Тејлор Свифт
Тејлор Свифт е критикувана бидејќи често користи приватен авион со што предизвик...
Беше тинејџерска ѕвезда, сега е бездомник: Како актерот Тејлор Чејс заврши на улица (и зошто блискит...
Со искината облека, валкана коса и многу слаб изглед, актерот Тејлор Чејс кој бе...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м...
Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...