„Добив ќерка со сурогат мајка, јас не можев да ја износам“: Актерка со емотивна објава, по битката со ракот и отстранувањето на матката

По битката со ракот и операциите за отстранување на дојките, матката и јајниците, актерката Оливија Мун откри дека со сопругот добиле ќерка со сурогат мајка. Ова е второто дете на парот кој е заедно од 2021 година.

akterkata-olivija-mun-dobi-dete-so-surogat-majka-po-dvojnata-mastektomija-i-otstranuvanjeto-na-matkata-01.jpg

Оливија Мун и Џон Муланеј открија дека добиле дете со помош на сурогат мајка, по битката со рак на 44-годишната актерка.

Во април годинава, актерката отворено зборуваше за битката со ракот и двојната мастектомија, а сега, со емотивна објава на Инстаграм, откри дека со сопругот добиле второ дете.

„Меј Џун Муланеј дојде на овој свет на 14-ти септември 2024, годината на змејот.

Имав многу измешани чувства заради тоа што не можев да ја носам ќерка ми.

Кога првпат се сретнав со нашата сурогат мајка, зборувавме како две мајки. Ми покажа многу разбирање. Знаев дека најдов ангел.

Зборовите не можат да ја искажат мојата благодарност кон неа за тоа што девет месеци го чуваше нашето бебе и ни ги оствари соништата“, пишува во објавата.

Оливија додава и дека името на ќерката – Меј – значи слива на кинески.

Оливија и Џон имаат уште едно дете – 2-годишниот син Малколм.

На фотките од новата објава, тие позираат со двете деца.

akterkata-olivija-mun-dobi-dete-so-surogat-majka-po-dvojnata-mastektomija-i-otstranuvanjeto-na-matkata-05.JPG

akterkata-olivija-mun-dobi-dete-so-surogat-majka-po-dvojnata-mastektomija-i-otstranuvanjeto-na-matkata-07.JPG

Претходно, во мај годинава, Оливија откри дека откако ја добила дијагнозата за рак на дојка, веднаш замрзнала јајцеклетки.

Имено, знаела дека терапијата за ракот може да влијае на нејзината плодност.

„Јас и Џон зборувавме за процедурата и ни стана јасно дека сакаме уште деца.

Но, не знаев дали ќе треба да се лекувам со хемотерапија или радијација“, изјави актерката.

akterkata-olivija-mun-dobi-dete-so-surogat-majka-po-dvojnata-mastektomija-i-otstranuvanjeto-na-matkata-06.JPG

Поради возраста на Оливија, таа и сопругот до последно не биле сигурни дали воопшто ќе може да се добие здрав ембрион.

„Но, докторот ни кажа дека имаме здрави ембриони. Со Џон почнавме да плачеме…

Јас веќе не можам да имам деца, па ако сакаме семејство, ова ни е опција“, изјави тогаш актерката.

akterkata-olivija-mun-dobi-dete-so-surogat-majka-po-dvojnata-mastektomija-i-otstranuvanjeto-na-matkata-03.JPG

По двојната мастектомија, Оливија почнала да прима и терапија со која се потиснува лачењето хормони, па изјави дека е во менопауза уште на 43 години.

Прочитајте повеќе: „Се расплакав кога си го видов телото по двојната мастектомија“: Холивудска актерка искренa за битката со рак на дојка

akterkata-olivija-mun-dobi-dete-so-surogat-majka-po-dvojnata-mastektomija-i-otstranuvanjeto-na-matkata-04.JPG

Но, бидејќи лековите ѝ создавале низа лоши симптоми, лекарите ѝ предложиле да ѝ ги отстранат матката и јајниците.

Поради несаканите ефекти од лековите, Оливија сепак се согласила на операцијата која ѝ беше направена во април годинава.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
Ја изгуби сопругата од рак на дојка, син му почина на 16 години: Тажниот живот на Џон Траволта Во 1970-тите, девојката на Џон Траволта почина од рак на дојка, а во 2020-та, ја...
Гледал нејзин филм 75 пати, ја засакал и пред да се запознаат - Љубовната приказна на Емили Блант и ... Актерите Емили Блант и Џон Красински се доказ дека и во Холивуд е можна вистинск...
Славни личности кои ги тужеа нивните родители (и зошто) Коби Брајант ги тужеше родителите бидејќи продавале негови лични предмети без да...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
Шарлиз Терон се присетува на ноќта кога мајка ѝ го убила татко ѝ: „Ни се закануваше со пиштол, знаев... „Мајка ми сфати колку е сериозна ситуацијата и истрча да го земе нејзиниот пишто...

Најчитани неделава