Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн

rita-ora-se-rasplaka-na-scena-zejn-malik-so-emotivna-objava-dzvezdite-se-zboguvaat-od-liam-pejn005.jpg

Зејн Малик, пак, сподели стара фотка на која тој и Лиам спијат, веројатно уморни по проба или концерт.

„Лиам, ти зборувам на глас, надевајќи се дека можеш да ме слушнеш...

Никогаш не ти се заблагодарив што ме поддржуваше во најтешките мигови од мојот живот.

Кога ми недостасуваше домот како 17-годишно момче, секогаш беше тука за мене со позитивен став и насмевка и ми покажа дека си ми пријател и дека сум сакан.

Иако беше помлад од мене, секогаш беше почувствителен, своеглав, со свое мислење и не ти беше проблем да им кажеш на луѓето кога грешеа. Иако многупати се каравме поради ова, потајно секогаш сум те почитувал.

Кога стануваше збор за музика, Лиам, ти беше најквалификуван во секоја смисла. Во споредба со тебе, јас не знаев ништо, јас бев дете без искуство, а ти веќе беше професионалец.

Бев среќен што знаев дека без разлика што ќе се случи на сцената, секогаш можам да се потпрам на тебе бидејќи знаеш во која насока треба да се движиме.

Изгубив брат кога нè напушти и не можам да ти објаснам што би дал само за да те прегрнам уште еднаш и да ти кажам збогум, да ти кажам дека те сакав и почитував.

Ќе ги ценам сите сеќавања што ги имам со тебе… Се надевам дека каде и да си, дека си добар и дека си нашол мир и дека знаеш колку беше сакан“.

Луи Томлинсон сподели фотка од него и Лиам направена на концерт.

„Премногу сум тажен за да го пишувам ова, но вчера изгубив брат…“, почнува неговата објава.

Пејачот вели дека Лиам бил клучниот дел од One Direction и има само пофални зборови за неговиот глас и неговиот талент.

Во објавата, тој му праќа и порака на Лиам.

„Порака до тебе Лиам, ако слушаш. Се чувствував повеќе од среќен што те имав во мојот живот, но уште ми тешко да се справам со помислата дека треба да се збогуваме.

Благодарен сум што станавме уште поблиски по бендот. Тоа што зборувавме со часови на телефон, потсетувајќи се на илјадниците прекрасни сеќавања што ги имавме заедно е луксуз, мислев дека ќе бидеш покрај мене целиот живот.

Сакав уште еднаш заедно да застанеме на сцена, но тоа не се случи.

Сакам да знаеш дека ако некогаш му требам на Беар (син ти), секогаш ќе бидам чичкото што му треба во животот и ќе му раскажувам колку неверојатен беше татко му.

Посакувам да имав шанса да ти кажам збогум и уште еднаш да ти кажам колку многу те сакав. Момче мое, еден од моите најдобри пријатели, мој брату, те сакам. Спиј спокојно“.

Од членовите на One Direction, единствено Најл Хоран се нема огласено.

И Рита Ора му одаде почит на Лиам, на нејзиниот концерт во Осака Јапонија. Таа ја отпеа песната For You која со Лиам ја снимија во 2018 година за филмот Fifty Shades Freed.

Додека пееше, на екранот зад Рита имаше фотографија од неа и Лиам.

Рита се расплака додека пееше изјавувајќи „Не можам ни да пеам сега“.

Стив Аоки сподели неколку фотографии со Лиам.

„Ќе ми недостасуваш драги пријателу. Тешко е да го напишам ова. Нема смисла, не ми се верува дека те нема.

Имавме многу прекрасни сеќавања на сцена и зад сцена. Вистинска легенда и детска душа со златно срце. Ми недостасуваш“, стои во описот.

И на официјалните Инстаграм профили на Backstreet Boys и NSYNC се споделени пораки за Лиам, а меѓу ѕвездите кои се збогуваа со пејачот се и Камила Кабејо и водителот Џејмс Корден.

Прочитајте повеќе: Дeтали за долгата битка со зависност од дрога и алкохол на Лиам Пејн, пред трагичната смрт на 31 година

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...

Најчитани неделава