Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на актерот

Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Николас Кејџ. Тој беше во брак со Лиза Мари Присли, но се разведоа по 3 месеци. Тој се венча и со мејкап артистка за која отпосле дознал дека има криминално досие, а овој брак траеше уште пократко.

nikolas-kejdzh-nikogash-posrekjen-so-31-godini-pomladata-sopruga-koi-se-4-te-poraneshni-soprugi-na-akterot-01.jpg

Иако се соочуваа со критики поради возрасната разлика, Николас Кејџ и неговата сопруга Рико Шибата изгледаат навистина среќно заедно.

60-годишниот актер и неговата 29-годишна сопруга во неделата (20.10) заедно присуствува на Филмскиот фестивал во Њупорт Бич.

nikolas-kejdzh-nikogash-posrekjen-so-31-godini-pomladata-sopruga-koi-se-4-te-poraneshni-soprugi-na-akterot-07.JPG

На настанот, актерот носеше црна кошула и црни панталони, во комбинација со бело сако.

Рико, пак, носеше црна ролка со здолниште.

nikolas-kejdzh-nikogash-posrekjen-so-31-godini-pomladata-sopruga-koi-se-4-te-poraneshni-soprugi-na-akterot-08.JPG

nikolas-kejdzh-nikogash-posrekjen-so-31-godini-pomladata-sopruga-koi-se-4-te-poraneshni-soprugi-na-akterot-09.JPG

Додека позираа на црвениот тепих, актерот и сопругата беа видно расположени и не ги тргаа насмевките од лицето.

nikolas-kejdzh-nikogash-posrekjen-so-31-godini-pomladata-sopruga-koi-se-4-te-poraneshni-soprugi-na-akterot-10.JPG

Љубовниот живот на Николас Кејџ отсекогаш привлекувал внимание и досега актерот се има разведено четирипати.

Неколку детали за неговите (пропаднати) бракови:

Патриша Аркет

Првата сопруга на Николас Кејџ е актерката Патриша Аркет.

Тие се запознале во 1987 година, во ресторан, и актерот ја запросил во мигот кога првпат се сретнале.

„Тогаш бевме само деца, јас имав 19 години кога ми рече ’Наскоро ќе се омажиш за мене‘.

Му реков дека нема шанси, бидејќи не сме отишле ни на состанок“.

Иако го одбила запросувањето, Николас и Патриша почнале да излегуваат, за во 1995-та да се венчаат.

Но, во 2001 година се разведоа.

nikolas-kejdzh-nikogash-posrekjen-so-31-godini-pomladata-sopruga-koi-se-4-te-poraneshni-soprugi-na-akterot-02.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава