Паола била најтажната принцеза во Европа во 70-тите – Со децении молчи за аферите на сопругот и неговото вонбрачно дете
Паола во тој период сакала да се разведе па дури и подготвила документи. Но, според гласините, постариот брат на Алберт, кралот Бодуен ѝ нагласил дека ако си замине, нема да ги види сопствените деца.
Љубовницата на Алберт
Така, Паола одлучила да се повлече во запуштен дел од дворецот, подалеку од сопругот и неговото семејство.
Но, затоа што јавноста не знаела за аферите на нејзиниот сопруг, во јавноста почнале да кружат коментари за нејзиниот тажен израз на лицето и сметале дека таа сама е виновна за проблемите во бракот.
Иако 20 години живеела во сенка, во 80-тите години таа успеала да го поправи односот со Алберт.
Во 1993-та година по ненадејната смрт на братот на Алберт, тој станал крал, а Паола, кралица на Белгија. По ова, таа морала да се навикне на новиот начин на живот и должностите, па наместо да живее во сенка морала постојано да се појавува во јавност.
Во тој период, приказната за вонбрачната ќерка на Алберт се чувала во најголема тајност и никој не знаел за неа, сè до 2013-та година, кога таа сама на 45-годишна возраст започнала судска битка, барајќи од татко ѝ да ја признае.
Вонбрачната ќерка на Алберт
Во истиот период Алберт и Паола му го отстапија тронот на нивниот најстар син, принцот Филип, а семејството се најде среде скандал заради непризнаената принцеза.
-->
-->
Вонбрачната ќерка на Алберт, Делфин, бараше од него да направи ДНК тест, но тој одбиваше, па така овој процес траеше сè до 2020-та година, кога жената конечно беше прогласена за белгиска принцеза, а нејзините деца добија титули.
Делфин со мајка ѝ
-->
Иако поминала низ вистински пекол, Паола никогаш јавно не зборувала за аферата на сопругот, ниту пак за неговото вонбрачно дете. Таа во една пригода во 2007-ма година, накратко се осврна на кризата во бракот, па рече:
„Имавме проблеми. Но, сега и двајцата велиме дека сме биле родени еден за друг. Многу сме среќни“.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините
Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“
Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден
Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...

6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ...
Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...