Тројца уапсени за смртта на Лиам Пејн, откако телото беше вратено на неговото семејство во Англија

Според аргентинските власти, три лица се уапсени за смртта на пејачот, вклучувајќи и негов пријател кој го напуштил додека бил во животозагрозувачка состојба.

trojca-uapseni-za-smrtta-na-liam-pejn-otkako-teloto-beshe-vrateno-na-negovoto-semejstvo-vo-anglija001.jpg

Додека семејството на Лиам Пејн се подготвува за неговиот погреб, полицијата во Аргентина уапсила три лица кои се верува дека се поврзани со неговата трагична смрт.

Вестите се потврдени од аргентинските власти.

Но, не е точно познато дали трите лица се официјално обвинети или се само приведени за испрашување бидејќи се сметаат за осомничени.

trojca-uapseni-za-smrtta-na-liam-pejn-otkako-teloto-beshe-vrateno-na-negovoto-semejstvo-vo-anglija-03.JPG

Лицата се уапсени скоро еден месец по трагичната смрт на пејачот кој почина на 16-ти октомври, по пад од балкон во хотел во Аргентина.

Според надлежните, еден од приведените е пријател на пејачот кој е осомничен за „напуштање личност во животозагрозувачка состојба“, што резултирало со смртта на Лиам.

Се претпоставува дека истата личност ја набавила и дрогата што ја користел Лиам – кривично дело за кое казната може да биде и 15 години зад решетки.

trojca-uapseni-za-smrtta-na-liam-pejn-otkako-teloto-beshe-vrateno-na-negovoto-semejstvo-vo-anglija-05.JPG

„Пријателот“ на Лиам не е идентификуван, но според описот, некои тврдат дека станува збор за Роџер Норес, кој бил со Лиам во деновите пред трагичната смрт.

Сепак, Роџер веднаш ги негираше гласините дека бил приведен, заедно со шпекулациите дека полицијата го пребарала неговиот дом.

trojca-uapseni-za-smrtta-na-liam-pejn-otkako-teloto-beshe-vrateno-na-negovoto-semejstvo-vo-anglija-07.JPG

„Не го напуштив Лиам, трипати го посетив тој ден во хотелот и заминав 40 минути пред да се случи сè.

Имаше над 15 луѓе во хотелското лоби кои разговараа и се шегуваа со него кога си заминав. Не можев ни да помислам дека ќе се случи нешто вакво.

Јас ја дадов мојата изјава на 17-ти октомври, како сведок, и оттогаш немам зборувано со надлежните.

Срцето ми е скршено поради оваа трагедија и секој ден ми недостасува мојот пријател“, изјави Роџер за Daily Mail.

trojca-uapseni-za-smrtta-na-liam-pejn-otkako-teloto-beshe-vrateno-na-negovoto-semejstvo-vo-anglija-08.JPG

Според аргентинските медиуми, меѓу приведените се и двајца вработени во хотелот.

Едниот од вработените е обвинет дека му носел кокаин на Лиам додека бил во хотелот, а со слично обвинение се соочува и другиот.

Во телото на Лиам биле најдени траги од алкохол, кокаин и антидепресив, а надлежните ја отфрлија можноста за самоубиство со намера.

trojca-uapseni-za-smrtta-na-liam-pejn-otkako-teloto-beshe-vrateno-na-negovoto-semejstvo-vo-anglija-04.JPG

Сепак, според обвинителот што ја води истрагата, имало докази за „незаконско однесување“ кое резултирало со смртта на пејачот.

„Од почетокот на истрагата и во период од неколку дена, беа преземени драстични мерки за да се утврдат околностите за смртта на пејачот.

Беа разгледани 800 часа снимки од безбедносни камери и беа земени изјави од вработени во хотелот, членови на семејството, пријателите и медицински професионалци.

Беше анализиран телефонот на пејачот за време на истрагата, како и регистарот со гости во хотелот, но и нарачките во барот и ресторанот. Беа направени и соодветните лабораториски испитувања.

Како резултат на собраните докази, обвинителот Андреа Мадреа обвини тројца луѓе, барајќи притвор за нив“, вели, меѓу другото, главниот обвинител.

trojca-uapseni-za-smrtta-na-liam-pejn-otkako-teloto-beshe-vrateno-na-negovoto-semejstvo-vo-anglija-09.JPG

Надлежните не веруваат дека Лиам бил убиен со намера бидејќи повредите на неговото тело соодветствувале на падот од балконот.

Најверојатно, пејачот паднал во полусвесна или несвесна состојба.

trojca-uapseni-za-smrtta-na-liam-pejn-otkako-teloto-beshe-vrateno-na-negovoto-semejstvo-vo-anglija-06.JPG

Инаку, телото на Лиам беше вратено кај неговото семејство дури во средата (06.11).

Според извори блиски до неговото семејство, подготовките за погребот се веќе направени, но засега не е познат точниот датум.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрли жена во езеро, ѝ се заканил на бившата дека ќе ја убие: Мрачната страна на Бил Мареј Бил Мареј можеби изгледа како добра личност и уште подобар актер, но изминативе ...
Пејачот Ne-Yo со 4-те девојки на шопинг, откако откри детали од бизарната врска: „Имаме распоред, а ... „Јас го правам распоредот бидејќи сум најмногу зафатен и секогаш имам некоја обв...
Помина 1 година од смртта на Лиам Пејн - девојка му објави последни моменти со него, сестра му споде... „Засекогаш ќе ги мразам збогувањата, ми недостасуваш“ - напиша девојката на почи...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...

Најчитани неделава