Експериментирал со хомосексуални врски, се борел со зависности – Помалку познати факти за Том Харди
Во истата година Том го играше ликот на Чарлс Бронсон за филмот Bronson, за кој морал да се здебели 20 kg. Заради тоа постојано јадел пица и чоколада и цел ден го минувал со видео-игри.
За следниот филм пак, морал да има интензивни тренинзи за да се врати во форма. Морал да вежба по 10 часа боречки вештини и кореографија во период од 8 недели за да се доведе со посакуваната тежина.

По разделбата со Рејчел во 2009-та година, Том Ја започнал врската со актерката Рејчел Рајли со која заедно играа во филмот Wuthering Heights, а по една година врска тој ја запросил.

Том и Рејчел се венчале во 2014-та година и веќе 10 години важат за еден од најскладните актерски парови. Неговата сопруга денес е мајка на двете негови деца, но и маќеа на првиот син што тој го добил со Рејчел Спид.

Иако важи за еден од најголемите заводници во Холивуд, Том призна дека во младоста експериментирал и со хомосексуални врски, но само во форма на истражување за потребите како актер, но брзо сфатил дека тоа не го возбудува.

Во 2015-та година морал да стави тетоважа на раката, заради загубен облог со Леонардо ди Каприо.
Тој раскажа како Лео за време на снимањето на филмот му рекол дека ќе биде номиниран за Оскар, а Том не можел да верува, па затоа се обложиле – да направи тетоважа со написот што ди Каприо му го напишал на рака: ’Лео знае сè!‘
Денес, по добиената номинација, Том гордо ја носи тетоважата со споменатиот натпис.

Во 2022-ра година, актерката Шарлиз Терон објави дека било многу тешко да се работи со Том за време на снимањето на филмот Mad Max: Fury Road, затоа што тој доцнел и по 3 часа на снимањето. На крај, актерите постојано се расправале, заради што Шарлиз потоа и јавно се извини.

Уште еден помалку познат факт е дека актерот е навистина добар во боречки вештини. Така во 2022-ра година случајно се појавил на турнир во бразилско џиу-џицу, каде успеал да победи, а наградата потоа ја донирал во хуманитарни цели.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о...
Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ...
Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li...
Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли...
Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн...
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...