Пејачката Лизо непрепознатлива откако ослабе, по изјавите дека е здрава и фит и со над 100kg

Низ годините, Лизо честопати изјавуваше дека не сака да биде слаба и дека е здрава, без разлика на тежината, но на новите фотки изгледа непрепознатливо откако драстично ослабе.

pejachkata-lizo-neprepoznatliva-otkako-oslabe-po-izjavite-deka-e-zdrava-i-fit-i-so-nad-100kg-001.jpg

Сите имаме различно тело и факт е дека не може секој да изгледа како супермодел – некогаш поради генетика, некогаш поради проблеми со здравјето, некогаш поради немање услови за здрава храна и редовно вежбање, но често и поради неодговорност.

Сепак, пејачката Лизо, која покрај талентот за музика, стана препознатлива и по облините, честопати беше критикувана за вишокот килограми.

pejachkata-lizo-neprepoznatliva-otkako-oslabe-po-izjavite-deka-e-zdrava-i-fit-i-so-nad-100kg-07.jpg

Но, изминативе неколку месеци Лизо редовно споделуваше видеа од теретана и откри дека драстично ослабела.

pejachkata-lizo-neprepoznatliva-otkako-oslabe-po-izjavite-deka-e-zdrava-i-fit-i-so-nad-100kg-08.jpg

Пејачката не ја открива својата килажа, но разликата е повеќе од очигледна, особено на последните Инстаграм објави.

На една фотка, Лизо прави селфи во автомобил и е речиси непрепознатлива.

Поради драстичната промена, многумина коментираат дека веројатно користела Оземпик – лекот за дијабетес што моментално е хит кај славните кои сакаат да ослабат.

Лизо се огласи за шпекулациите, истакнувајќи дека не сите користат Оземпик.

Нејзините фанови, пак, велат дека со месеци наназад споделува детали за фитнес рутината и начинот на исхрана, што е доволен доказ дека ослабела без лекот, туку на природен начин.

pejachkata-lizo-neprepoznatliva-otkako-oslabe-po-izjavite-deka-e-zdrava-i-fit-i-so-nad-100kg-03.jpg

Но, додека некои ѝ аплаудираат за промената, други сметаат дека е „дволична“ бидејќи пред да почне да слабее, Лизо инсистираше дека не сака да биде слаба и дека е во одлично здравје, и покрај тоа што имаше над 100 килограми.

Таа ја користеше и секоја можност да каже дека сака што има вишок килограми.

„Мислам дека имам многу секси тело. Јас сум икона! Можеби за некој ова не е идеалното тело.

За некој, можеби ни телото на Ким Кардашијан не е идеално, но таа поставува стандарди во модерниот свет…

Сите знаеме дека сум дебела. Јас сум свесна дека сум дебела, но ова не ми пречи. Сакам да бидам дебела – убава сум и здрава“, изјави пејачката во интервју за магазинот People.

Претходно, пејачката имаше изјавено дека сака да вежба, но не за да ослаби.

„Многу луѓе, штом ќе видат дебела личност, мислат дека таа прави сè за да ослаби.

Но, јас не пробувам да ослабам. Не сакам никогаш да бидам слаба“.

Инаку, летоска Лизо откри дека прави пауза од настапи и снимање песни бидејќи сака да се фокусира на менталното здравје.

Изјавата следеше по обвиненијата од страна на нејзини танчари кои тврдат дека таа ги исмејувала и критикувала за нивната тежина, но и ја обвинија за сексуално вознемирување.

Повеќе фотки од Лизо на следната страница…



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...

Најчитани неделава