Регионални и светски познати личности кои беа фатени на дело како изневеруваат и флертуваат (фото)

Кристен Стјуарт

Ова неверство можеби беше едно од најдобро документираните.

Во 2012-та година, кога актерката беше мега популарна заради улогата на Бела Свон во Twilight и беше во врска со колегата во филмот Роберт Патинсон, аферата на Кирстен Стјуарт беше топ тема во сите таблоиди.

Таа и оженетиот режисер Руперт Сандерс беа „фатени“ во низа компромитирачки фотографии, по што не можеа да побегнат од тврдењата дека имале афера.

regionalni-i-svetski-poznati-lichnosti-koi-bea-fateni-na-delo-kako-izneveruvaat-i-flertuvaat-foto-14.jpg

Ештон Кучер

Ештон Кучер и Деми Мур тврдеа дека имаат брак од соништата и покрај големата разлика во годините (15). Тие ја започнаа врската во 2003-та година, а стапија во брак 2 години подоцна.

Но, во 2011-та година нивниот брак заврши, откако Ештон беше фатен како ја изневерува Деми со Сара Лил. (Верувале или не, девојката тврдела дека не знаела оти Ештон е во брак со Деми.)

Набрзо потоа беа објавени фотки на кои се гледа дека актерот неколку месеци пред да се дознае за аферата најверојатно заедно со љубовницата бил на забава.

regionalni-i-svetski-poznati-lichnosti-koi-bea-fateni-na-delo-kako-izneveruvaat-i-flertuvaat-foto-08.jpg

regionalni-i-svetski-poznati-lichnosti-koi-bea-fateni-na-delo-kako-izneveruvaat-i-flertuvaat-foto-09.jpg

Хју Грант

Фотките од неверството на Хју Грант не се направени од папараци, туку во полиција.

Британскиот актер беше во долга врска со колешката Елизабет Харли. Но, во 1995-та година беше фатен на дело со проститутка.

Елизабет Харли му прости за неверството, но, по 5 години парот сепак се раздели. Сепак овој инцидент го чинеше скапо, па многумина веруваат дека заради него, актерот не успеа да изгради плодна холивудска кариера.

regionalni-i-svetski-poznati-lichnosti-koi-bea-fateni-na-delo-kako-izneveruvaat-i-flertuvaat-foto-11.jpg

Тристан Томпсон и Џордан Вудс

Во 2019-та година додека Клои Кардашијан беше бремена, нејзиниот партнер Тристан Томпсон беше фатен на дело како ја изневерува со најдобрата другарка на сестра ѝ, Џордин Вудс.

Фотките беа објавени во таблоидите и се смета дека заради нив Кендал Џенер се скара со Џордин.

regionalni-i-svetski-poznati-lichnosti-koi-bea-fateni-na-delo-kako-izneveruvaat-i-flertuvaat-foto-04.jpg

Франсоа Оланд

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд се најде среде скандал во 2014-та година, кога беа објавени негови фотки како со мотоцикл секоја вечер оди во станот на љубовницата.

Откако се дозна дека тој има афера со телевизиската актерка Жули Гаје, Оланд се раздели од партнерката Валери Триервелиер со која беше 4 години во врска.

Седум години по скандалот Оланд на 67 години стапи во брак со љубовницата кај која секоја вечер одел со мотоцикл.

regionalni-i-svetski-poznati-lichnosti-koi-bea-fateni-na-delo-kako-izneveruvaat-i-flertuvaat-foto-12.jpg

regionalni-i-svetski-poznati-lichnosti-koi-bea-fateni-na-delo-kako-izneveruvaat-i-flertuvaat-foto-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...

Најчитани неделава