„Уште е гневна поради Бред, им се ’истура‘ на сите“: Вработени откриваат тајни за Анџелина Џоли
- Детали
- петок, 20 декември 2024
„Не би сакале да бидете до неа кога ќе избувне“ - Извор близок до Џоли тврди дека актерката постојано е во лошо расположение поради ситуацијата со Бред Пит и редовно го истура гневот врз вработените. Низ годините, и други поранешни вработени имаат откриено детали за животот на Џоли зад затворени врати.
Иако се разделија во 2016-та година, според извори блиски до Анџелина Џоли, актерката уште е „обземена од омразата кон Бред Пит“.
Расположението на актерката постојано се менувало, а кога имала една од своите „епизоди“, за нејзините вработни било неподносливо да бидат во нејзина близина.
„Џоли отсекогаш имала жесток, застрашувачки карактер, а сето ова што се случува со Бред ѝ го тестира трпението“, вели изворот.
Актерката уште се тужи со Бред Пит, а неодамна добила спор поврзан со нивната заедничка винарија.
Исто така, дополнително ќе се истражуваат нејзините обвиненија против Бред за семејно насилство.
Сепак, и покрај ова, изворот вели дека актерката постојано е гневна и потребно е малку за да почне да му се „истура“ на некој од вработените.
„Помошниците низ нејзиниот дом мораат да бидат особено внимателни.
На Џоли не ѝ е проблем да им се ’истури‘, посебно ако прават грешка.
Дефинитивно не би сакале да бидете до неа кога навечер ќе избувне“.
Џоли барала од вработените од домот да потпишат и согласност за молчење.
„Сите мора да потпишат строг договор и не смеат да кажат ни збор за нејзините тајни.
Кога станува збор за нејзините деца, пробува да биде што е можно подобра. Тие ѝ се најважното нешто, но е построга со нив отколку што мислите.
Ги тера да средуваат по дома и да внимаваат со кого се дружат. Многу е строга, но тоа е бидејќи ги сака.
Сепак, и децата се среќни кога Џоли не е во лошо расположение“, завршува изворот.
Ова не е првпат некој близок до Џоли да открие тајни за приватноста на актерката.
Досега неколку поранешни вработени имаат споделено детали.
Дел од нив во продолжение:
Не им дава слободни денови
Анџелина Џоли се има соочено со тужба од поранешна вработена според која актерката ја избркала од работа бидејќи зела боледување што ѝ следува по закон.
Не е познато дали беше направена спогодба, но наводно Џоли имала навика да им пререкува на вработените ако користат слободни денови или боледување, но и да им дава откази без конкретна причина.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





