„Уште е гневна поради Бред, им се ’истура‘ на сите“: Вработени откриваат тајни за Анџелина Џоли

Споделувала лични детали со вработените во домот

Според жената која ѝ била дадилка на Џоли, таа била воспитана од куќните помошнички и од неа.

„Кога Џоли беше дете имаше многу куќни помошнички во нејзиниот дом – една дадилка ја заспиваше, друга ја будеше“.

Џоли не минувала многу време со мајка ѝ, а татко ѝ не живеел со нив.

Па, поради ова, стекнала навика да споделува лични детали со дадилките и куќни помошнички кои веројатно ги гледа како родители.

ushte-e-gnevna-poradi-bred-im-se-istura-na-site-vraboteni-otkrivaat-tajni-za-andzhelina-dzholi-08.JPG

Не се преоптоварува со образованието на децата

Според поранешна дадилка на Џоли, актерката не се фокусирала многу на образованието на децата.

„Им дозволува да учат тоа што сакаат и да го игнорираат она што не ги интересира.

Тие не прават тестови и не пишуваат домашни“.

Сепак, друг извор вели дека иако не делува така, Џоли се труди децата да добијат добро образование.

„Тие имаат тутори, експерти од секој област. Сака нејзините деца да учат од најдобрите.

А, за да ги научи уште повеќе, бара дадилките да зборуваат барем уште еден јазик покрај англиски, како француски, шпански…“

ushte-e-gnevna-poradi-bred-im-se-istura-na-site-vraboteni-otkrivaat-tajni-za-andzhelina-dzholi-06.JPG

Џоли e далеку од вообичаен родител

Друга дадилка има изјавено дека во домот на Џоли, децата и не требало да следат некои строги правила.

„Како да живеат во заедница со хипици бидејќи Џоли не верува во правила.

Смета дека децата треба да имаат слобода да се искажат себеси, но ова не е секогаш добар пристап“.

ushte-e-gnevna-poradi-bred-im-se-istura-na-site-vraboteni-otkrivaat-tajni-za-andzhelina-dzholi-05.JPG

Обезбедувањето внимава што гледаат децата на интернет

Иако Џоли им давала слобода на децата, сепак донекаде воспоставувала контрола.

„Децата можат да користат интернет колку што сакаат.

Но, за нивна безбедност, тимот од обезбедувањето надгледува што прават онлајн“, вели поранешен вработен.

ushte-e-gnevna-poradi-bred-im-se-istura-na-site-vraboteni-otkrivaat-tajni-za-andzhelina-dzholi-04.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли сакала да се смири со Бред – ја одбил, па го отуѓила од децата за да му се одмазди Веројатно сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се откажат од презимето на ак...
Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара? Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала од чи...
Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментаци... „Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално те...
Бред Пит се вика Вилијам – Познати личности за кои не знаете дека користат уметнички имиња Вин Дизел се вика Марк Синклер (одбрал име што звучи моќно додека работел во ноќ...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...

Најчитани неделава