Дуа Липа се сврши по една година врска - Кој е британскиот актер што ѝ го украде срцето?

„Дуа и Калум се заљубени и знаат дека ова е засекогаш. Свршени се и не може да се посреќни. За Дуа ова беше една од најдобрите години во кариерата, а запросувањето дојде како шлаг на тортата“, рекол близок пријател на парот. 

dua-lipa-se-svrshi-po-edna-godina-vrska-koj-e-britanskiot-akter-shto-i-go-ukrade-srceto-01_copy.jpg

Светската ѕвезда со албанско потекло, Дуа Липа, се сврши со својот дечко, британскиот актер Калум Тарнер.

Калум ја запросил во текот на божиќните празници, а таа, иако не потврди дека ќе се мажи, на последната фотографија објавена на Инстаграм, носи дијамантски прстен.

Веста за запросувањето ја потврдил близок пријател на парот за The Sun.

„Дуа и Калум се заљубени и знаат дека ова е засекогаш. Свршени се и не може да се посреќни.

За Дуа ова беше една од најдобрите години во кариерата, а ова дојде како шлаг на тортата“, рекол анонимниот извор.

dua-lipa-se-svrshi-po-edna-godina-vrska-koj-e-britanskiot-akter-shto-i-go-ukrade-srceto-03.jpg

Според истиот извор, Дуа (29) и Калум (34) ќе прават голема новогодишна забава во Лондон, а меѓу гостите ќе бидат Бела Хадид, Хари Стајлс и Ема Вотсон.

„Ова ќе биде одлична можност да ја прослават и свршувачката“.

Калум и Дуа ја потврдија својата врска во јануари 2024, а веќе во јуни тој го запозна нејзиното семејство.

dua-lipa-se-svrshi-po-edna-godina-vrska-koj-e-britanskiot-akter-shto-i-go-ukrade-srceto-02.jpg

Кој е Калум Тарнер, актерот со кој ќе се мажи пејачката?

Роден е во Лондон во 1990 година, а растел само со неговата мајка која работела како промотор во ноќни клубови.

Пред да стане актер, тој полупрофесионално играл фудбал, а потоа работел и како модел.

dua-lipa-se-svrshi-po-edna-godina-vrska-koj-e-britanskiot-akter-shto-i-go-ukrade-srceto-06.jpg

Првата улога ја добил во 2011 година во филмот Zero.

Низ годините глумел во многу филмови, но најпознатиот од нив е Fantastic Beasts: The Secrets of Dumbledor.

Номиниран е и за најпрестижната британска филмска награда Тони.

dua-lipa-se-svrshi-po-edna-godina-vrska-koj-e-britanskiot-akter-shto-i-go-ukrade-srceto-04.jpg

Тој е голем фан на фудбалскиот клуб Chelsea.

Пред врската со Дуа, тој беше 4 години во љубов со познатата британска актерка Вaнеса Кирби.

dua-lipa-se-svrshi-po-edna-godina-vrska-koj-e-britanskiot-akter-shto-i-go-ukrade-srceto-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ... „Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, за...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Ќерката на Ким Кардашијан во аутфит со деколте во Рим - на само 12-годишна возраст (фото) И додека 44-годишната Ким се одлучи за сатен и тантела, нејзината ќерка се појав...
Најголемите тајни на славните личности – Чиј татко ограбил банка? Знаевте ли дека Опра Винфри забременила на 14-годишна возраст? Но, детето било п...

Најчитани неделава