Го избркала од дома, ја бакнал Линдзи Лохан: Знаци дека бракот на Џесика Алба и Кеш Ворен беше осуден на пропаст

Иако вестите за разделбата на Џесика Алба и Кеш Ворен се изненадување, низ годините, и двајцата имаат давано изјави кои се јасен знак дека работите меѓу нив биле далеку од совршени, како кога актерката кажа - „Сега сме повеќе како цимери“.

go-izbrkala-od-doma-ja-baknal-lindzi-lohan-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-alba-i-kesh-voren-beshe-osuden-na-propast-01.jpg

По 16 години брак, Џесика Алба и Кеш Ворен одлучија да се разделат, а веста беше изненадување за фановите на парот.

Засега тие се немаат огласено за разделбата, но извор на TMZ открива дека одлуката е заедничка и меѓу нив нема омраза.

Бидејќи имаат и три деца, не планирале да го влошат односот.

„Без разлика што се случува сега, тие ќе останат блиски.

Ако поднесат барање за развод, тоа не значи дека се мразат еден со друг.

Иако изгледаат среќни заедно, Џесика има зборувано дека е тешко да се одржи страста во бракот по толку години“.

go-izbrkala-od-doma-ja-baknal-lindzi-lohan-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-alba-i-kesh-voren-beshe-osuden-na-propast-02.JPG

Иако уште немале поднесено барање за развод, изворите на TMZ велат дека тоа им е следниот чекор.

Засега не е позната точната причина за нивната одлука, но цел месец претходно актерката беше забележувана без нејзиниот прстен, а и сама присуствуваше на забава во склоп на доделувањето на Златните глобуси.

Всушност, Џесика и Кеш последен пат се видени заедно на почетокот од ноември 2024-та.

go-izbrkala-od-doma-ja-baknal-lindzi-lohan-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-alba-i-kesh-voren-beshe-osuden-na-propast-03.JPG

43-годишната Џесика и 45-годишниот Кеш ja започнаа врската во 2004 година, додека работеа на филмот Fantastic Four.

Се венчаа четири години подоцна, а еден месец по свадбата го добија и првото дете. Тие добија деца и во 2011 и во 2017 година.

Важеа за среќен пар, кој се држеше настрана од скандали, а на социјалните мрежи редовно споделуваа заеднички и семејни фотки.

Сепак, по вестите за разделбата, фановите почнаа да истакнуваат детали кои донекаде покажуваат дека нивниот брак сепак не бил совршен.

go-izbrkala-od-doma-ja-baknal-lindzi-lohan-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-alba-i-kesh-voren-beshe-osuden-na-propast-04.JPG

Дел од знаците дека бракот на Џесика и Кеш бил и со многу проблеми:

Имаа раскинато претходно

Кеш и Џесика раскинаа во 2007-ма, околу една година пред да се венчаат.

„Бев љубоморен на другите мажи и вниманието што го добиваше Џесика.

Четири години откако ја почнавме врската, раскинавме поради мојата љубомора. Се однесував како кретен“, изјави Кеш во интервју од 2023-та.

Џесика, пак, откри дека ѝ дошло „преку глава“ од неговото однесување и таа ставила крај.

„Не очекуваше да раскинеме. Кеш мислеше дека го оставам за друг маж. Дури му кажав и дека не го сакам“.

Тие беа разделени околу три месеци.

go-izbrkala-od-doma-ja-baknal-lindzi-lohan-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-alba-i-kesh-voren-beshe-osuden-na-propast-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава