Порано дечкото мораше да има свое купатило, денес да е 30 години помлад од неа - Како Мадона ги менуваше љубовните критериуми?

На почетокот на кариерата беше бездомник и едвај врзуваше крај со крај. Токму затоа, за да биде во врска со некого бараше едно - тој да има свое купатило. Колку се сменија критериумите на Мадона за избор на дечко низ годините?

porano-dechkoto-morashe-da-ima-svoe-kupatilo-denes-da-e-30-godini-pomlad-od-nea-kako-madona-gi-menuvashe-ljubovnite-kriteriumi-01.jpg

Цели 4 децении Мадона е на врвот на музичката индустрија во светот. Но пред да се стекне со слава и да го добие епитетот „кралица на поп-музиката“, таа беше - бездомник.

Иако добила стипендија за студирање, ученичката Мадона Луиз Чиконе од Беј Сити во 1978 година решила дека сака поинаков живот, напуштила сè и со само 35 долари во џебот стигнала во Њујорк.

Иако првите неколку години ѝ биле тешки, трудот ѝ се исплател.

На почетокот постојано била без пари, гладна, немала каде да спие.

porano-dechkoto-morashe-da-ima-svoe-kupatilo-denes-da-e-30-godini-pomlad-od-nea-kako-madona-gi-menuvashe-ljubovnite-kriteriumi-03.jpg

„Бев анорексична танчерка и постојано бев ‘шворц’. Па, кога немав пари да можам да изнајмам соба во хостел за да можам да се искапам, барав мажи кои мораа да имаат стан или своја соба со купатило. Тоа ми беше единствениот критериум за да се гледам со некого.

Кога ќе ги прашав дали имаат бања, ме гледаа како да сум луда. Ама кога ќе им понудев секс во замена за туширање, и тие и јас бевме среќни. Морав да се снаоѓам“, рече Мадона на еден од своите концерти во 2023 година.

Но сè се смени кога во 1982 ја издаде песната Everybody во 1982, а потоа и деби албумот Madonna.

porano-dechkoto-morashe-da-ima-svoe-kupatilo-denes-da-e-30-godini-pomlad-od-nea-kako-madona-gi-menuvashe-ljubovnite-kriteriumi-07.jpg

Таа долго време бараше вистинска љубов, но и успешни мажи кои ќе може да се „носат“ со неа.

Првиот сопруг, актерот Шон Пен (беа во брак од 1985 до 1989) е мажот кого никогаш не го симнала од пиедестал.

porano-dechkoto-morashe-da-ima-svoe-kupatilo-denes-da-e-30-godini-pomlad-od-nea-kako-madona-gi-menuvashe-ljubovnite-kriteriumi-06.jpg

И вториот сопруг ѝ е успешен маж - со режисерот Гај Ричи беше во брак од 2000 до 2008.

porano-dechkoto-morashe-da-ima-svoe-kupatilo-denes-da-e-30-godini-pomlad-od-nea-kako-madona-gi-menuvashe-ljubovnite-kriteriumi-08.jpg

На листата успешни и моќни мажи со кои беше во врска е и Џон Ф. Кенеди Јуниор, со кого, наводно имала 6-месечна врска додека чекала да ги потпише документите за развод од Пен.

По двата пропаднати брака (но и пред бракот со Ричи), љубовните критериуми на Мадона почнаа да се менуваат.

Пејачката веќе долги години избира многу помлади дечковци (некои се и по скоро 30 години помлади од неа).

Таа ја „води“ врска, диктира правила и со нив, наводно, се однесува како да се играчки.

Во 1991-92 пејачката се гледаше со 9 години помладиот рапер Ванила Ајс. Тој неодамна кажа дека таа дури и го запросила, но тој ја одбил.

porano-dechkoto-morashe-da-ima-svoe-kupatilo-denes-da-e-30-godini-pomlad-od-nea-kako-madona-gi-menuvashe-ljubovnite-kriteriumi-14.jpg

Таа беше три години во љубов со фитнес тренерот Карлос Леон, од кого е постара 8 години и со него ја има ќерката Лурдес.

porano-dechkoto-morashe-da-ima-svoe-kupatilo-denes-da-e-30-godini-pomlad-od-nea-kako-madona-gi-menuvashe-ljubovnite-kriteriumi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Крадел леб и спиел на под пред да стане љубов на Саманта во „Сексот и градот“ – Како изгледа денес С... „Одреден период гладував, крадев багет и сенф од маси, немав пари за друго“ - ак...
Пиела алкохол од 14 години, имаше нервен слом во јавност – Како изгледа денес Миша Бартон, откако се... По големата слава во „Округот Оринџ“ западна во проблеми со алкохол и дрога, има...
Марк Ентони (57) го очекува 8-то дете – неговата 30 години помлада сопруга е бремена вторпат „Среќна трета годишнина. Маркито ќе биде големо братче“ – Марк Ентони и неговата...

Најчитани неделава