Има милиони, а изгледа како скитник – Како живее Адам Сендлер, најскромниот (и најдарежливиот) актер во Холивуд?

Сака да им купува подароци на блиските

За Адам е познато дека е дарежлива личност и на најблиските со задоволство им купува скапи подароци.

На пример, на колегите од филмот Grown Ups им купи автомобили од марката Maserati кои чинат по 200.000 долари.

И, сето ова само за да им покаже благодарност за успехот на филмот.

ima-milioni-a-izgleda-kako-skitnik-kako-zhivee-adam-sendler-najskromniot-i-najdarezhliviot-akter-vo-holivud-07.jpg

За себе си купува автомобили

Актерот можеби не се интересира за облека, но има откриено дека „слаба точка“ му се автомобилите.

Па, неговата колекција автомобили е едно од најскапите нешта што ги поседува.

Тој има неколку луксузни автомобил, како Ferrari и Cadillac, а вредноста на неговата колекција се проценува на околу 700.000 долари.

Сепак, во споредба со неговото вкупно богатство, ова и не е така голема сума.

ima-milioni-a-izgleda-kako-skitnik-kako-zhivee-adam-sendler-najskromniot-i-najdarezhliviot-akter-vo-holivud-04.jpg

Инвестира во недвижнини

Како и секоја богата личност, и Адам Сендлер инвестира во недвижнини и поседува неколку куќи.

А, дел од имотите што ги има купено се всушност за членови на неговото семејство – на мајка му ѝ купи куќа во Флорида која чини половина милион долари.

Севкупно, имотот на актерот се проценува на околу 50 милиони долари.

ima-milioni-a-izgleda-kako-skitnik-kako-zhivee-adam-sendler-najskromniot-i-najdarezhliviot-akter-vo-holivud-09.jpg

Обожава патики

Актерот е горд на својата колекција патики.

Додека не обрнува многу внимание на облеката, внимателно го избира патиките и честопати е забележуван на улица со омилените модели.

Најскапите патики што ги има купено чинат 400 долари.

Погледнете и: Како Адам Сендлер стана „модна икона“ на годината? (фото)

ima-milioni-a-izgleda-kako-skitnik-kako-zhivee-adam-sendler-najskromniot-i-najdarezhliviot-akter-vo-holivud-08.jpg

Најмногу од сè, тој сака да донира

Актерот не е дарежлив само со пријателите и членовите на семејството - тој е филантроп кој редовно донира во добротворни организации.

„Како актер кој заработува по 20 милиони до филм и го држи тоа темпо од 1990-тите, тој е најприземјената личност од индустријата што ја имам сретнато“, има изјавено негов колега сценарист.

Актерот е вклучен во бројни добротворни организации кои помагаат насекаде – од луѓе кои страдаат од ретки болести, до луѓе кои се соочуваат со глад во Африка.

Неговата најголема донација изнесува 1 милион долари за непрофитна организација во Англија.

Обично не се фали со својата добротворна работа, но актерот дефинитивно има донирано десетици милиони долари за разни цели.

ima-milioni-a-izgleda-kako-skitnik-kako-zhivee-adam-sendler-najskromniot-i-najdarezhliviot-akter-vo-holivud-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Само Адам Сендлер може да оди со тренерка на премиера – ги покажа сопруга и ќерките, едната копија н... Адам Сендлер уште еднаш покажа дека е автентична „стилска икона“ - само тој може...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Кифер Сатерленд им се врати на лошите навики – нападнал возач, по многуте апсења и затворската казна... Повеќе од цела деценија, Кифер Сатерленд немаше проблеми со законот. Во минатото...
Го бодри кога снима љубовни сцени со колешки, ја смени религијата за него: Детали за бракот на Адам ... Адам Сендлер има изјавено дека кога снима сцени со бакнување, сопругата го мотив...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка... „Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...

Најчитани неделава