Со еден хит го освои светот - Каде е денес пејачот на Ai Se Eu Te Pego?

Песната на која танцуваа Нермар и Кристијано Роналдо, доби многу верзии, а најпопуларната во Македонија е „Ај сечи Перо“. Се сеќавате ли на Мишел Тело?

so-eden-hit-go-osvoi-svetot-kade-e-denes-pejachot-na-ai-se-eu-te-pego-01.jpg

Пред 14 години Мишел Тело ја освои публиката ширум светот со песната Ai Se Eu Te Pego. Денес, по скоро една и пол деценија, тој е и понатаму еден од најпознатите бразилски пејачи.

Во време кога во музичката индустрија доминираа Кети Пери и Лејди Гага, а Тејлор Свифт од кантри музиката се преориентираше на поп музика, светска доминација сепак имаше непознатиот Бразилец, Мишел Тело.

so-eden-hit-go-osvoi-svetot-kade-e-denes-pejachot-na-ai-se-eu-te-pego-02.jpg

Тело во 2011 година ја преработи песната Ai Se Eu Te Pego (оригинално објавена во 2008).

Таа прво стана хит во Бразил, но потоа и светски хит, достигнувајќи го првото место на топ листите во дури 20 земји низ светот.

На Јутјуб песната има 1,2 милијарди прегледи, а на Спотифај е стримувана преку 316 милиони пати.

Дополнителна популарност на песната ѝ донесоа фудбалерите Нејмар, Марсело и Кристијано Роналдо, кои танцуваа на песната по победите на нивните клубови во тоа време.

Песната од Тело доби и многу нови верзии, а во Македонија најпопуларна е „Ај сечи Перо“.

Иако по Ai Se Eu Te Pego, Мишел Тело немаше нов меѓународен хит, сепак остана многу популарен во Бразил.

Денес има 44 години (роден е на 21 јануари 1981) во Медианерира.

Својата кариера ја започна на 7 години, а на 16 се приклучи на групата Grupo Tradição.

По 11 години поминати со нив и многу хитови, тој сепак решава да почне соло кариера, што се покажа како одлична одлука.

Само во 2011 година одржа повеќе од 240 концерти, настапувајќи пред повеќе од 17 милиони луѓе.

За време на неговата 17-годишна соло кариера, Тело објави само еден албум, но многу синглови.

Од 2015 до 2023 година, тој беше жири и ментор на бразилската верзија на популарното музичко шоу The Voice и The Voice Kids, а од 11 сезони колку што беше таму, дури во 8 победниците беа од неговиот тим.

Ова го прави втори најпобеднички ментор во целата франшиза, зад Американецот Блејк Шелдон (кој има девет).

Мишел Тело е познат и по неговата вклученост во хуманитарни проекти.

Својот приватен живот воопшто не го крие и на социјалните мрежи често контактира директно со фановите, но и споделува семејни фотки и видеа.

Во брак е со актерката Таис Ферсоза, со која има две деца.

Но, пред да ја запознае, помина низ тежок период и крах на љубовта со Ана Каролина Лаго, кој заврши со развод во 2012 година.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава