Плаќаат 75.000 долари: Кои правила ги следат познатите за ѕвезда на Булеварот на славните?

Жири комисија избира кој од номинираните ќе добие ѕвезда

Секоја година, жири комисијата добива неколку стотици номинации.

Членовите на жирито се состануваат еднаш годишно, во јуни, и тогаш одлучуваат која од номинираните познати личности ќе добие ѕвезда.

Тие детално ја разгледуваат кариерата на секоја номинирана личност и ако ги исполнува критериумите, даваат дозвола да се постави ѕвезда во нејзина чест.

Секој член од жирито има „мандат“ од две години, кој може да биде продолжен на четири.

Откако ќе бидат избрани славните личности, има уште неколку формалности до поставувањето на ѕвездата, како издавање дозвола од општината.

pravila-shto-gi-sledat-poznatite-za-da-dobijat-dzvezda-na-bulevarot-na-slavnite-plakjaat-75-000-dolari-za-ceremonijata-05.JPG

Славните треба да ја закажат церемонијата во период од две години

Откако една позната личност ќе биде одбрана за ѕвезда на Булеварот, мора да ја закажи церемонијата за поставување во период од две години.

Потоа го губи правото да добие ѕвезда на Булеварот, но може да аплицира одново.

pravila-shto-gi-sledat-poznatite-za-da-dobijat-dzvezda-na-bulevarot-na-slavnite-plakjaat-75-000-dolari-za-ceremonijata-06.JPG

Славните не избираат каде ќе им се наоѓа ѕвездата

Иако познатите не можат да изберат, организаторите се трудат да им излезат во пресрет кога станува збор за местото на ѕвездата.

На пример, ѕвездите на Курт Расел и Голди Хоун се поставени една до друга бидејќи се пар.

Исто така, штом ѕвездата ќе биде поставена, нема опција да се отстрани или да се премести.

pravila-shto-gi-sledat-poznatite-za-da-dobijat-dzvezda-na-bulevarot-na-slavnite-plakjaat-75-000-dolari-za-ceremonijata-7.JPG

Изработката на ѕвездата трае околу четири денови

Ѕвездите на Булеварот се изработени од месинг и терацо.

Откако ќе се направи ѕвездата и ќе се испише името на славната личност, внимателно се проверува за печатни грешки.

Дури потоа ѕвездата се обложува со смеса за да биде отпорна на надворешни влијанија и за да се исуши потребни се околу четири дена.

pravila-shto-gi-sledat-poznatite-za-da-dobijat-dzvezda-na-bulevarot-na-slavnite-plakjaat-75-000-dolari-za-ceremonijata-8.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
48 години не погледнал друга жена, трипати ја барал за сопруга пред да рече „да“ - Љубовната приказн... „Можете да купите куќа, но тоа нема да ја направи дом. Мојата сопруга ја претвор...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ... „Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, за...
Најголемите тајни на славните личности – Чиј татко ограбил банка? Знаевте ли дека Опра Винфри забременила на 14-годишна возраст? Но, детето било п...

Најчитани неделава