Беше во вселената на 10 минути, тужеше калуѓерки: Како Кети Пери стана „најомразената“ личност?

Кети Пери водеше судска битка со калуѓерки бидејќи сакаше да купи нивен манастир. Додека траеше судењето, една од калуѓерките почина, а бидејќи оттогаш на пејачката многу работи не ѝ одат по план, некои се шегуваат дека можеби е и проколната од калуѓерките.

vselenski-let-od-10-minuti-tuzhbi-protiv-kalugjerki-i-mazh-so-invaliditet-kako-keti-peri-stana-najomrazenata-lichnost-01.jpg

По вселенскиот лет со Лорен Санчез, наместо инспирација, Кети Пери стана мета на шеги и критики.

Според многумина, 11-минутниот лет до работ на вселената со женски екипаж воопшто не е инспиративен за жените, најмногу бидејќи дел од мисијата беа главно богати и славни жени, кои немаат никаква врска со астрономија и вселенски истражувања.

Покрај свршеницата на Џеф Безос – Лорен Санчез – Кети Пери беше најпознатата жена која беше дел од летот, па таа се соочува и со најмногу критики.

И тоа не само од јавноста, туку и од други славни личности. Па, во период од само две недели, Кети Пери се претвори во најомразената славна личност.

Сепак, низ годините, пејачката се соочила и со други скандали кои веројатно ја доведоа дотука.

Дел од нив во продолжение:

Сакаше да купи манастир и се тужеше со калуѓерки

Во 2015 година, Кети Пери изрази желба да купи манастир кој беше во сопственост на група повозрасни калуѓерки.

Но, калуѓерките сметале дека имиџот и музиката на пејачката не се во склад со нивните христијански верувања, па одбивале да ѝ го продадат.

Наводно, Кети им понудила 10 милиони долари кеш за манастирот и им ветила дека ќе проба да ја зачува градбата и дека сакала да живее таму.

vselenski-let-od-10-minuti-tuzhbi-protiv-kalugjerki-i-mazh-so-invaliditet-kako-keti-peri-stana-najomrazenata-lichnost-02.JPG

Калуѓерките сепак не попуштале, отишле на суд, а додека траеше целата драма, една од нив и почина.

Непосредно пред смртта, таа даде ТВ интервју во кое ја молеше Кети да престане да се бори за манастирот.

Иако Кети победи на суд, нејзината репутација беше уништена, па таа се повлече од намерата да го купи манастирот.

Бидејќи оттогаш Кети пери се соочи со низа проблеми, некои одат дотаму што велат дека сигурно била проколната од калуѓерките.

vselenski-let-od-10-minuti-tuzhbi-protiv-kalugjerki-i-mazh-so-invaliditet-kako-keti-peri-stana-najomrazenata-lichnost-03.JPG

Обвинувања а сексуално вознемирување

Во 2019 година, моделот Џош Клос, кој се појавува во спотот за пената Teenage Dream на Кети Пери, ја обвини пејачката за сексуално вознемирување.

Имено, додека биле на забава, Кети му ги спуштила панталоните и му ги открила гениталиите пред цела група луѓе.

vselenski-let-od-10-minuti-tuzhbi-protiv-kalugjerki-i-mazh-so-invaliditet-kako-keti-peri-stana-najomrazenata-lichnost-04.JPG

Неколку дена подоцна, и новинарка излезе со обвиненија против пејачката, изјавувајќи дека таа присилно пробувала да ја бакне.

Моделот Џош Клос не поднесе тужба и иако јавноста реагираше бурно, Кети само ги изигнорира обвиненијата.

Односно, не се обиде ни да ги негира, па остави уште една дамка на нејзината репутација.

vselenski-let-od-10-minuti-tuzhbi-protiv-kalugjerki-i-mazh-so-invaliditet-kako-keti-peri-stana-najomrazenata-lichnost-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Бебе Реџа, пејачката со дебарски корени, објави оглас за да најде татко за нејзиното бебе - Кои ѝ се... 36-годишната пејачка минатото лето ја посети Македонија, а сега јавно се огласи ...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...

Најчитани неделава