Беше во вселената на 10 минути, тужеше калуѓерки: Како Кети Пери стана „најомразената“ личност?
Соработуваше со силувач
Во 2014 година, пејачката Кеша го тужеше продуцентот Dr. Luke за силување и малтретирање кое траело со години.
Продуцентот, кој дотогаш имаше соработувано со едни од најголемите музички имиња, ги негираше обвиненијата, но случајот привлече многу внимание и голем дел од славните и јавноста ѝ покажаа поддршка на Кеша.
Но, Кети Пери продолжи да работи со него.
Додека голем дел од музичките ѕвезди се дистанцираа од продуцентот, тој период Кети издаде некои од нејзините најголеми хитови во соработка со него.
И ова ја уништи репутацијата на Кети бидејќи многумина сметаат дека нејзината незаинтересираност му помогнала на продуцентот да помине неказнето за сериозни злодела.
Тужеше воен ветеран кој е инвалид
Во 2020 година, Кети Пери и Орландо Блум купиле куќа од 83-годишен воен ветеран.
Сепак, набрзо потоа ветеранот сакал да се повлече од зделката, изјавувајќи дека кога го правел договорот бил под дејство на седативи поради операција на грбот и низа здравствени проблеми.
На суд беше пресудено во корист на Кети Пери и Орландо Блум, па куќата остана во нивна сопственост.
Но, тогаш Кети одлучи да го тужи ветеранот, кој е инвалид и му побара оштета од 6 милиони долари.
Токму поради оваа тужба, Кети се соочи со критики, најмногу бидејќи води битка против маж во 9-тата деценија од животот, со сериозни здравствени проблеми.
Си ја промовираше турнејата на вселенскиот лет
Она што разгневи голем дел од јавноста е тоа што 4-те минути во вселената Кети Пери ги искористи за да ја промовира нејзината турнеја.
Односно, пред камерата покажа распоред со концертите.
Оние кои ја критикуваат сметаат дека со ова Кети уште еднаш покажала дека нема допир со реалноста бидејќи наместо да се восхитува на искуството, таа го користи за себепромовирање.
Критики за турнејата
Турнејата на Кети Пери веќе почна, а уште на првиот концерт стана мета на шеги.
Покрај чудните кореографии, многумина се шегуваат за костимите на Кети кои се инспирирани од вселената.
„Беше на 10-минутна вселенска мисија и сега си вонземјанин?“ и „Ова ли се случува кога ќе отидеш сам на 10 минути во вселената?“ се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





