Водителка со рак на мозокот храбро ги покажа лузните од операциите на главата – без перика на гала свеченост

Американската водителка и ријалити ѕвезда Теди Меленкамп се појави на гала свеченост без перика и храбро ги покажа лузните од операциите по дијагнозата рак на мозокот. Таа вели дека на почетокот се подготвувала за најлошото, но сега лекарите верувале дека ќе се избори со болеста.

voditelka-so-rak-na-mozokot-hrabro-gi-pokazha-luznite-od-operaciite-na-glavata-bez-perika-na-gala-svechenost01.jpg

Теди Меленкамп, која е позната ријалити ѕвезда и подкаст водителка од САД, годинава направи неколку операции за рак на мозокот.

43-годишната Теди отворено зборува за искуството со болеста, а вчера (28.04) се појави на гала свеченост каде храбро ги покажа и лузните од операциите.

Во елегантен црн костим, Теди одби да носи перика.

voditelka-so-rak-na-mozokot-hrabro-gi-pokazha-luznite-od-operaciite-na-glavata-bez-perika-na-gala-svechenost-06.JPG

Кратко пред настанот, таа сподели и фотографија на Инстаграм со која најави дека не планира да ги крие своите лузни. На фотографијата се гледа задниот дел од главата на Теди со две големи лузни.

„Поминаа 76 дена откако отидов во брза помош со неподнослива главоболка и открив дека имам неколку тумори во четврти стадиум ’со големина на слива‘, во мозокот и белите дробови. Ракот метастазирал и бил таму од шест месеци до една година, а јас немав поим.

Од тој ден, имав неколку операции, терапија со стероиди, се чувствував ужасно, многу се смеев, јавав коњи, ги сакав моите деца и некогаш се чувствував и добро.

Кога првпат ја погледнав оваа фотографија и лузните на мојата глава и мојата рака, заплакав. Но, тогаш, почувствував некаква топлина низ телото и се почувствував мирно.

Чувствував мир од неверојатната поддршка што ја имам од семејството и пријателите. Мир од љубовта од сите вас. Мир бидејќи знам дека мојата приказна може да помогне да се спаси нечиј живот.

Им испраќам љубов на сите кои се соочени со предизвик и ве потсетувам дека ако нешто не ви се чини во ред, одете на лекар. Грижете се за себе“, стои во емотивниот опис.

По дијагнозата, Теди отворено зборуваше за својата битка со болеста, а истакна и дека ги подготвила нејзините три мали деца за најлошото.

voditelka-so-rak-na-mozokot-hrabro-gi-pokazha-luznite-od-operaciite-na-glavata-bez-perika-na-gala-svechenost-03.JPG

Таа откри и дека нејзиниот татко, музичарот Џон Меленкамп, бил сигурен дека ќе ја изгуби, па почнал да ѝ го планира и погребот. Но, на почетокот од април, Теди откри дека сега веќе има големи шанси целосно да закрепне.

„Само што завршив со сите прегледи и туморите се значително намалени.

Па, лекарите сметаат дека ова ќе функционира, дека повторно ќе бидам своја и ќе се чувствувам добро“, изјави водителката во видео на Инстаграм Стори.

voditelka-so-rak-na-mozokot-hrabro-gi-pokazha-luznite-od-operaciite-na-glavata-bez-perika-na-gala-svechenost-05.JPG

voditelka-so-rak-na-mozokot-hrabro-gi-pokazha-luznite-od-operaciite-na-glavata-bez-perika-na-gala-svechenost-04.JPG

Повеќе фотографии од Теди на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Гал Гадот за трауматичната бременост пред 2 години: „Во 8-ми месец имав тромб во мозокот, се прашува... „Уште пред да се вратам дома (од прегледот) и се јави доктор и ми рече ’Мора да ...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...

Најчитани неделава