Сакал да биде домаќинка, па ја избркал од дома: Љубовната приказна на Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози
Мери-Кејт била во добар однос со ќерките на бизнисменот
Иако Мери-Кејт избегнуваше да зборува за семејниот живот, според извори, била особено добра со ќерките на бизнисменот и уживала да минува време со нив и да им готви.
Парот и ќерките на бизнисменот честопати беа забележувани и заедно во јавност, а наводно Мери-Кејт го задржала пријателскиот однос со нив и по разводот.
Последен пат се појавија во јавност една година пред разделбата
Мери-Кејт и Саркози последен пат беа забележани заедно во 2019-та, околу една година пред да се разделат.
И, тогаш изгледа навистина среќно.
Оливие пробал да ја избрка Мери-Кејт од нивниот дом
Во април 2020 година, поради пандемијата, судовите во Њујорк не прифаќале барања за разводи освен во итен случај. Па, Мери-Кејт поднела итно барање за развод.
Наводно, адвокатите на Мери-Кејт добиле известување дека таа мора да се исели од домот во Њујорк најдоцна до 18-ти мај.
Таа и Саркози живееле во изнајмен стан, а бизнисменот го раскинал договорот за изнајмување без знаење на Мери-Кејт. Па, практично ја избркал од дома среде пандемијата.
Поради ова, Мери-Кејт побарала веднаш да се разведе, за да може да го продолжи договорот во нејзино име бидејќи во период на пандемија, со рестрикции за движење, стравувала дека ќе нема каде да оди и ќе треба да ги остави сите свои лични предмети во станот.
Барањето за итен развод беше одбиено, но Мери-Кејт сепак остана во станот, па веројатно направиле некаква спогодба со Саркози.
Меѓу парот имало многу разлики
Не е познато зошто точно се разделија Мери-Кејт и Оливие, но наводно меѓу нив имало многу разлики.
Најпрво, Мери-Кејт сакала свои деца.
„Пред неколку години, за неа не беше приоритет да има деца. Но, сега тоа се промени“, вели извор кој додава дека Саркози не сакал да има уште едно дете.
Покрај тоа, Мери-Кејт премногу се фокусирала на кариерата:
„Мери-Кејт е многу вредна личност и е целосно фокусирана на нејзиниот бизнис. Нејзиниот распоред е многу натрупан.
Оливие никогаш не можеше да ја разбере нејзината страст за работа. Тој повеќе сакаше жена домаќинка“.
Го финализираа разводот една година подоцна
По првото одбиено барање, Мери-Кејт поднесе уште едно барање за развод кое беше прифатено, но разводот го финализираа дури во 2021-ва.
Не е познато каква спогодба направиле и нивните портпароли само споделија дека и двајцата сакаат да го остават разводот зад себе и да продолжат со нивните животи.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





