Сакал да биде домаќинка, па ја избркал од дома: Љубовната приказна на Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози
- Детали
- недела, 04 мај 2025
Мери-Кејт Олсен и 17 години постариот Оливие Саркози делуваа како складен пар, сè до 2020-та кога бизнисменот наводно пробал да ја избрка дизајнерката од нивниот заеднички дом. Тие се разведоа, а наводно не се согласувале бидејќи Мери-Кејт сакала да се фокусира на кариерата, додека Оливие очекувал да седи дома и да биде домаќинка.
Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози беа во брак околу шест години и иако пробуваа да се скријат од јавноста, за нивниот развод се зборуваше „на големо“.
Наводно, бизнисменот пробал да ја избрка Мери-Кејт од нивниот дом, а не се согласувале бидејќи тој не сакал деца, но очекувал дизајнерката да биде домаќинка наместо да се посветува на нејзината кариера.
Неколку детали за бракот и бурниот развод на славниот пар:
Се запознале на забава во 2012 година
Мери-Кејт и францускиот бизнисмен се запознале на забава во 2012 година, и наводно меѓу нив веднаш се јавила привлечност.
Тогаш Оливие имал 42 години, а Мери-Кејт само 25, но наводно била привлечена од екстровертноста на бизнисменот.
Според извори блиски до парот, и двајцата биле амбициозни и интелигентни личности и ова имало голем удел во нивната привлечност.
Не е познато кога точно ја почнале врската, но првата папарацо фотка од нив беше направена во ноември 2012-та, на спортски натпревар.
Се свршија по две години врска
Во март 2014-та, Мери-Кејт беше забележана со свршенички прстен и набрзо потоа, нивни пријатели потврдија дека се свршиле.
Не се познати никакви детали за свршувачката, но извор откри дека извесен период успешно ја криеле од јавноста.
Ја скрија и свадбата
Мери-Кејт и Оливие се венчаа но ноември 2015 година. Интимната прослава се одржала во нивниот дом во Њујорк и поканиле само 50-тина гости.
На гостите, пак, им забраниле да користат телефони или како било уреди со камери, па во јавност не се појави ниту една фотка од свадбата.
Мери-Кејт има дадено само едно интервју за бракот со Оливие
Во 2017 година, во интервју со сестра ѝ Ешли, Мери-Кејт првпат прозборе за бракот со бизнисменот. Тие немаа деца, но бизнисменот имаше две ќерки од претходен брак кои живееја со нив, па Мери-Кејт го спомна семејниот живот.
„Јас и сестра ми сме вредни и сакаме да работиме. Но, сега откако живеам со сопругот и двете негови деца, по работа треба да си одам дома и да зготвам вечера.
За викендите сакам да јавам – морам да најдам работи што ме релаксираат. Во спротивно, ќе ’прегорам‘ и нема да можам да бидам продуктивна“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





