Зошто луѓето сакаат да ја мразат Ен Хетавеј (и што крие зад нејзината лажна насмевка)?
- Детали
- недела, 04 мај 2025
Ен Хетавеј скоро 25 години е на врвот на Холивуд, но сепак е меѓу најомразените личности во филмската индустрија. Луѓето ја сметаат за иритантна и едноставно - сакаат да ја мразат. А со своето однесување во минатото, таа како да докажуваше дека се во право...
Актерката Ен Хетавеј се прослави во 2001 година, кога ја доби главната улога во филмот The Princess Diaries.
По ова почнаа да се нижат улоги, па таа се појави во филмовите The Devil Wears Prada, Les Miserables, Interstellar, The Dark Knight Rises, The Idea of You, The Intern, Ocean’s 8 и многу други.
За својата улога во Les Miserables, Ен доби Оскар за најдобра споредна женска улога.
Но и покрај бројните награди и огромниот успех, таа и денес е често мета на негативни коментари.
Всушност, актерката е една од оние жени што луѓето „сакаат да ги мразат“.
Нетрпеливоста кон Ен почна во 2011 година, кога беше водителка на Оскарите, заедно со актерот Џејмс Франко.
И додека тој беше опуштен, Ен поред коментарите на јавноста била „премногу возбудена и изгледала вештачки, се смеела премногу непотребно“.
„О, Боже, вие сте навистина реално. Ова навистина се случува. Во ред“, рече актерката кога излезе на сцената, обраќајќи им се на ѕвездите во публиката со чудна насмевка.
За цело време Ен беше нервозна и се обидуваше да ја победи тремата со недолични шеги, надвор од сценариото.
По ова, коментарите беа дека Франко покрај неа изгледал како да поминува низ „најлошите моменти од неговиот живот“, а дека Ен делува „како никогаш да нема да престане да глуми и дека е премногу драматична“.
Дебаклот беше брзо заборавен, но само 2 години подоцна, во 2013-та, таа повторно се појави на истата сцена за да го добие Оскарот за најдобра споредна женска улога.
Но, моментот што требаше да биде еден од најсреќните во нејзиниот живот, само предизвика уште повеќе хејт коментари насочени кон неа.
„Секогаш изгледа како некој што ќе изгуби здив, глуми дури и кога добива награда“, рече брзо потоа радио-водителот Хауард Стерн и долеа масло на огнот насочен против неа.
Многумина отидоа дотаму што коментираа дека не заслужува да добие оскар, а дека нејзината насмевка, колку и да е широка, секогаш е лажна и вештачка.
„Не ми се допаѓа нејзината претерана совршеност, дури и ме иритира што пробува да се прикаже во такво светло. Таа е толку совршена што е неподнослива“, е само еден од коментарите против Ен.
Актерката, иако одамна не беше во своите тинејџерски години, ја следеше имиџ на „слатко девојче“.
Овој имиџ го имаа уште неколку нејзини врснички. Но, за разлика од останатите актерки кои добиваа комплименти и пофалби за изгледот, Ен Хетавеј се соочуваше само со критики.
Неа ја обвинуваа дека се труди премногу да изгледа слатко и да се прикаже како добра личност, но дека во реалноста таа е неприродна и премногу иритантна.
Имаше и такви кои тврдеа дека Ен е предраматична и дека ги преувеличува своите емоции бидејќи се труди да им се допадне на сите, а во реалноста никој не ја сака.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





