Зошто луѓето сакаат да ја мразат Ен Хетавеј (и што крие зад нејзината лажна насмевка)?
Коментарите против глумицата одеа дотаму, што луѓето почнаа да критикуваат сè што имаше врска со неа и го бојкотираа секој филм во кој ќе се појавеше таа.
Публиката беше особено разочарана од нејзината улога на жената мачка во филмот за Бетмен, The Dark Knight Rises, па велеа дека е „полоша дури и од Мишел Фајфер“.
Ова само како да им даде ветер во грб на луѓето да продолжат со негативни коментари на нејзината сметка.
Социјалните мрежи беа преплавени со критики и препораки никој никогаш да не ѝ даде нова улога.
Многумина не можеа да се „договорат“ и околу нејзиниот изглед - некои велеа дека им пречи фактот што таа е премногу привлечна, други сметаа дека воопшто не е привлечна, а за трети „нејзиниот изглед е тежок за гледање“.
За сето ова време, Хетавеј се бореше со своите лични несигурности, а своите проблеми не ги изнесуваше во јавноста.
Гостувајќи во шоуто The Tonight Show, таа првпат се отвори и откри како низ годините се справувала со сите критики на нејзина сметка, особено што имала големи проблеми со самодовербата уште како тинејџерка.
„Растејќи, мислев дека среќата е нешто што никогаш не може да ми се случи. Не се сакав премногу себеси.
Глумењето ми помогна да стекнам поголема самодоверба, но сепак не бев сигурна дали сум доволно добра.
Негативните коментари само ги потврдија моите сомневања и ми всадуваа уште повеќе мрачни мисли“, рекла Ен.
Во емисијата, таа одговорила и на прашањето како се чувствувала кога прочитала наслов кој гласел: „Зошто сите ја мразат Ен Хатавеј?“.
„Се чувствував како некој да ме шутнал во стомакот, бев шокирана, засрамена, како некој да ми врзал шлаканица.
Се обидов да се исклучам од сето тоа, но не можев. И тогаш сфатив дека ова се случува затоа што не научив доволно да се сакам себеси.
Ако не се сакаш себеси во моментот кога некој друг ќе каже ужасни работи за тебе - секогаш ќе им веруваш“, рекла таа.
Подоцна, во едно интервју, таа го објасни и своето чудно однесување за време на доделувањето на Оскарите 2013.
Таа призна дека се срамела да ја прифати наградата за улогата на жена која претрпела многу болка, а фактот дека фустанот што го носела таа вечер чинел повеќе пари отколку што некои луѓе некогаш ќе видат, направило да се чувствува уште полошо.
Затоа се преправала дека се чувствува прекрасно, но луѓето ја проѕреа нејзината намера.
Ова влијаело и на нејзината кариера.
„Имаше режисери кои ми велеа: ‘Одлична си за оваа улога, но не знам како публиката ќе те прифати поради сите овие работи’, по што сфатила дека е време да направи пауза во кариерата.
По две години (во 2015), се врати на филмското платно со полн сјај во филмот Interstellar.
Во ова време веќе била поцврста и престанала да се грижи за коментарите на другите.
„Ни требаат луѓе кои знаат како да ја турнат омразата од себе и да шират љубов“, кажа таа во еден говор.
И денес Ен се соочува со коментари на омраза, но вели дека веќе не ѝ е непријатно од околината.
A нејзината лажна насмевка, која ја користела за да се извлече од непријатни ситуации - е дел од минатото.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





