„Некој треба да добие отказ“ – Блејк Лајвли критикувана што се појави на црвен тепих со валкан фустан под пазувите
- Детали
- четврток, 01 мај 2025
Сите погледи беа вперени во нејзиниот гламурозен изглед и блескав сјај, но фановите не пропуштија да забележат еден детаљ кој малку ги згрози – фустанот ѝ е извалкан со кафеава боја под пазувите, веројатно од шминката која ѝ била нанесена на телото. Експертите велат дека со новиот стил, таа се обидува да си го врати имиџот пред светот.
Блејк Лајвли периодов го промовира филмот во кој глуми, „Another Simple Favor“ и на кој настан и да се појави, ги краде сите погледи со својот впечатлив стил.
Но, на премиерата во Њујорк пред неколку дена, сите погледи беа вперени и во нејзиниот фустан – односно во грешката која нејзиниот тим стилисти ја направи.
Актерката беше облечена во тиркизен долг фустан, со исечоци во горниот дел, но она што ги згрози сите, беше валканиот дел на материјалот под пазувите.
Се претпоставува дека станува збор за разлеана шминка која ѝ била нанесена по телото, или пак, лошо нанесен спреј за самопотемнување.
На Инстаграм фановите не престануваат да коментираат:
„Несреќа при прскање спреј за самопотемнување на фустанот“.
„Леле, сега не можам да престанам да го гледам“.
„Некој ја забележа ли нечистотијата на нејзиниот фустан под раката?“
„Веројатно е шминка за тело, но во секој случај, шминкерот треба да добие отказ“.
Изгледа дека вакви непријатни ситуации им се случуваат и на најдобрите, а за сето време, Блејк блескаше со насмевка и шарм, како и секогаш.
Изгледа дека добриот стил и насмевката ѝ се најсилното оружје против светот на Блејк.
Периодов, таа е постојано во центар на вниманието, но не само заради премиерата на филмот, туку заради тужбата со Џастин Балдони, колегата од „It Ends With Us“.
Прочитајте повеќe: Ѝ покажувал видеа и фотографии од голи жени, ја допирал: Зошто Блејк Лајвли го тужи режисерот на нејзиниот нов филм?
Професионални дизајнери и ПР експерти коментираат дека Блејк целосно го променила стилот, со цел да оддаде професионална и сериозна порака, за разлика од стајлинзите кои ги носеше минатата година кога го промовираше претходниот филм заради кој се соочи со низа скандали.
Блејк во 2024
Тогаш таа се појавуваше во гламурозни тоалети, фустани со цветни и весели дизајни, а сега таа се фокусира на посоодветен крој, структурирана силуета, луксузни материјали како кожа или моќни брендови како Chanel.
„За време на премиерата на It Ends With Us, таа се држеше до романтичен изглед – меки тонови, винтиџ парчиња и силуети кои оддаваа чувство на носталгија.
Сега, за новиот филм, нејзините стајлинзи се одмерени и соодветни. Ова е забележлива промена од мекост до сила – и се гледа колку е намерно направено.
Вашата облека зборува за вас“ – вели шпанската дизајнерка Тереза Фернандез за DailyMail.
Блејк во 2024
„Ова е корегирање на сликата за себе како по книга – затворени фустани кои ја следат силуетата и скромни палети на бои, создадени да ја вратат довербата без да се изусти збор“ – вели за DailyMail Сара Шмит, ПР на познатите и експерт за брендинг и имиџ.
аутфити од последните појавувања на Блејк во пролет 2025
Погледнете и Го влече за рака, го тера да позираат вљубено: Блејк Лајвли очајно пробува да си ја спаси репутацијата со Рајан Рејнолдс
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





