Славни личности кои никогаш не биле на Мет гала
Дрејк
Дрејк ѝ беше дечко на Ријана и иако таа честопати оди на Мет гала, пејачот се нема појавено ниту кога беа пар.
Вил Смит и сопругата Џејда
Контроверзниот пар ги посетува сите важни настани, освен Мет галата. Интересно е што нивните деца Џејден и Вилоу имаат одено на Мет гала.
Адел
Иако Адел си ја зацврсти репутацијата на модна икона, пејачката никогаш не била на Мет гала.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Низа членови на кралското семејство присуствувале на Мет гала, вклучувајќи ја и принцезата Дијана.
Сепак, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон допрва треба да ја прифатат поканата.
Бред Пит
Иако денес изгледа дека не би бил заинтересиран за настан како Мет гала, Бред Пит нема присуствувано ни во минатото.
Том Холанд
Додека девојка му Зендеја доминира на секоја Мет гала, Том Холанд го прескокнува настанот и нема отидено ни со неа.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





