„Ми кажаа да си ги залепам стапалата“ – Кајли Џенер вика од болка додека ѝ ги одлепуваат штиклите по Мет гала ’25 (видео)
- Детали
- среда, 07 мај 2025
Очигледно Кајли се држи до тоа дека убавината боли, па објави видео во кое се гледа како со благо кенкање издржа додека цел тим ѝ ги одлепуваше штиклите од стапалата, кои претходно ги залепила за да не ѝ мрдаат, по насока на дизајнерот.
Мет галата важи за најголем моден настан, а присутните се обидуваат на најдобар начин преку стајлингот да ја презентираат темата како што ја доживуваат, која годинава гласеше „Скроено за тебе“.
На црвениот тепих во Метрополитен музејот, Кајли Џенер продефилира во креација на Ferragamo, која благодарение на длабокото деколте и високиот шлиц, ги нагласи нејзините облини.
Аутфитот таа го надополни со црни ракавици и шпицести чевли со ременче, кои ѝ донесоа блага непријатност.
Со оглед на тоа што не е многу лесно движењето во ваков тип на чевли, посебно кога се високи, ријалити ѕвездата искористила трик кој ѝ го дал креативниот директор на брендот Ferragamo, Максимилијан Дејвис.
На Инстаграм Стори, Кајли објави видео на кое се гледа како по галата, цел тим на стилисти пробува да ѝ ги одлепи чевлите од стапалата, со помош на спреј, триење со прсти и влечење, за да ѝ ја ублажат болката.
„Макс ми рече да ги залепам стапалата на чевлите и сега нозете ми се заглавени во нив“ – вели таа во видеото со глас во кој се чувствува блага болка додека извикува „ауч“.
Неколку минути подоцна, објави фотка од стапалата и напиша: „Во ред се!“
Прочитајте и Kим Кардашијан му се налути на телохранителот што ѝ го згази фустанот, па изгуби нокт на Мет гала 2025
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





