Не сакала да се мажи, но попуштила: Факти за единствениот брак на Вера Ванг, кој траеше дури 23 години
- Детали
- сабота, 10 мај 2025
Вера Ванг била во брак само еднаш, и тоа со бизнисменот Артур Бекер кој ѝ помогна да го изгради својот моден бренд. Се венчаа кога вера имаше 40 години, посвоија две ќерки, но по две децении решија да се разделат.
На годинешната Мет гала, Вера Ванг изненади со изгледот.
76-годишната дизајнерка, која е позната по младешкиот изглед, се појави во фустан со длабоко деколте, а имаше и многу кратки шишки кои главно се фризура што ја одбираат помлади девојки.
За изгледот се соочи и со критики, и со комплименти.
Додека некои велат дека треба да се облекува соодветно на возраста, други ѝ аплаудираат за тоа што не дозволува годините да ја ограничат и што се чувствува како млада девојка.
А, некои се шегуваат и дека нејзиниот млад дух се должи на фактот што е сингл.
Сепак, Вера беше во брак, и тоа цели 23 години, но по разводот како целосно да се фокусира на кариерата и во јавност не се појавила со партнер.
Кој беше единствениот сопруг на Вера и зошто се разделија?
Вера Ванг отсекогаш сонувала да стане модна дизајнерка и бракот не бил нешто што го посакувала. Но, има изјавено дека блиските пријатели ја советувале дека сепак треба да си најде животен партнер.
Таа дури и се има шегувано дека било смешно што е сингл, а дизајнира венчаници.
Кратко пред 40-тиот роденден, Вера сепак стапи во брак, и тоа со бизнисменот Артур Бекер.
По свадбата, Вера изјави:
„Ете, се омажив. Отсекогаш сум била девојката за која никој не мислел дека ќе се омажи. Планирав да бидам ’модна калуѓерка‘ целиот мој живот“.
На денот на свадбата во 1989-та, Вера уште работеше во Ralph Lauren, додека сопругот Артур беше брокер.
Само една година по свадбата, Вера и сопругот почнаа заеднички бизнис – дизајнерката го лансира својот бренд за венчаници заедно со Артур.
Вера, која никогаш не споделувала детали од својот живот, ретко зборуваше за бракот.
Единствено јавноста дозна кога во 1990 година ја посвоија првата ќерка, Сесилија, а во 1993-та втората ќерка - Џозефин.
Околу 17 години по венчавката, Вера даде интервју кое навестуваше дека можеби не е најсреќна во бракот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





