Тејлор Свифт се чувствува искористено, Џиџи Хадид ја игнорира: Зошто најдобрите пријателки ѝ свртија на Блејк Лајвли?
Блејк, Тејлор и Џиџи честопати се дружеа заедно, но сега моделот застанал на страната на пејачката. Односно, веќе прекинала секаков контакт со Блејк.
Првите гласини за раздорот меѓу Блејк и Џиџи се јавија во април, кога моделот го прославуваше 30-тиот роденден. Таа организира прослава на која присуствуваа сите нејзини блиски пријателки, освен Блејк.
„Блејк не беше поканета бидејќи Џиџи веќе не ѝ е пријателка“, изјави извор близок до моделот.
Наводно, Џиџи не зборувала со Блејк веќе неколку месеци, односно откако почна целата драма.
На почетокот, откако првпат јавно ги сподели обвиненијата против Џастин, Блејк доби поддршка од низа колешки. Таа доби и поддршка од авторката Колин Хувер според чија книга е снимен филмот.
Но, како што минуваше времето, голем дел од ѕвездите што ја поддржаа Блејк или ги избришаа своите објави, или почнаа да избегнуваат да зборуваат за целата ситуација.
Дури и Колин Хувер, која на почетокот беше гласна поддршка на Блејк, ги избриша сите објави поврзани со актерката и Џастин Балдони.
Во последниот филм, Блејк Лајвли соработува со Ана Кендрик која порано ѝ беше блиска пријателка, но сега и таа почнала да ја избегнува.
Накратко, Блејк не ги изгубила само најдобрите пријателки, туку веќе цел Холивуд почнал да ѝ врти грб.
Погледнете и: Го влече за рака, го тера да позираат вљубено: Блејк Лајвли очајно пробува да си ја спаси репутацијата со Рајан Рејнолдс
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





