Ги дрогирал жените, ги принудувал на проституција и ги снимал: Започна судењето на Пи Диди, ќерките ја напуштија судницата
- Детали
- вторник, 13 мај 2025
„Во текот на судењето, ќе слушнете за криминалните дела кои Пи Диди ги извршувал околу 20 години. Но, не ги извршувал сам, имал внатрешен круг од телохранители и вработени со висок ранг кои му помагале. Киднапирање, напад, дрога, сексуални злосторства - ова се само дел од злоделата“, вели едниот од обвинителите во воведното излагање на првиот ден од судењето на Диди.
Судењето на Шон Комбс, попознат како Пи Диди, започна на 5-ти мај, додека вчера (12.05) во судницата имаше воведно излагање на адвокатите на Диди, како и обвинителите.
Судењето се одржува во Њујорк, а уште во неделата, фанови на Диди се собираа пред судницата за да му дадат поддршка.
Во судницата беше присутна неговата мајка, како и шест од неговите деца.
Ова судење нема да се емитува на телевизија или каде било, како што беше случајот со судењето на Џони Деп и Амбер Херд.
Судењето на Диди се води во федерален суд кој забранува камери во судницата. Исто така, бидејќи станува збор за сериозни обвиненија како сексуална злоупотреба, треба да се заштитат жртвите кои ќе даваат чувствителни сведочења.
Пи Диди ќе одговара за неколку обвиненија, од кои главните се трговија со луѓе и принудување на секс, рекет и перење пари.
Фокус на судењето се озлогласените забави на раперот познати како Freak Offs, каде тој присилувал жени на секс, ги понижувал, а честопати и ги снимал, најмногу за да ги чува видеата за уценување.
Овде е и насилството што го трпела неговата поранешна девојка Кеси, која треба да сведочи на судењето.
Во воведниот говор, едниот од обвинителите рече дека за време на судењето ќе бидат слушани сведоштвата на неколку жртви:
„Жртвите ќе ви кажат за некои од најболните искуства во нивните животи. Деновите што ги поминале во хотелски соби, под дејство на дрога, облечени во костими со цел да ги исполнат сексуалните фантазии на обвинетиот“.
Обвинителот кажа и дека ќе бидат претставени злодела што раперот ги извршувал повеќе од 20 години.
„Ова е Шон Комбс. За јавноста, тој беше Паф Деди или Диди, култна икона, бизнисмен поголем од животот. Но, тој имаше и друга страна, страна која водеше криминална империја.
Во текот на судењето, ќе слушнете за криминалните дела кои обвинетиот ги извршувал околу 20 години. Но, не ги извршувал сам, имал внатрешен круг од телохранители и вработени со висок ранг кои му помагале да извршува криминални дела и му помагале да ги прикрие.
Киднапирање, напад, дрога, сексуални злосторства, поткуп и попречување - ова се само дел од злоделата кои обвинетиот и неговиот внатрешен круг ги вршеле одново и одново. Ќе слушнете за сите нив во текот на ова судење“.
На неговите забави, Диди ги терал жените да користат дрога и честопати ги малтретирал – имало случај кога згазнал една жена врз главата, а друга ја држел подадена од балкон.
Обвинителите ја спомнаа и Кеси Вентура, поранешната девојка на раперот, која им кажала дека во еден од полошите инциденти, Пи Диди присилил друга девојка да уринира врз неа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





