Ги дрогирал жените, ги принудувал на проституција и ги снимал: Започна судењето на Пи Диди, ќерките ја напуштија судницата
Според обвинителите, кога бившата девојка Кеси се гледала со друг маж, раперот тргнал да ја бара за да ја „казни“.
„Кога конечно ја нашол, го направил она што го направил многупати претходно – брутално ја претепал. Ја клоцал во грбот и ја фрлал како партал. Но, сето ова насилство не било доволно.
Обвинетиот сакал да има контрола над Кеси, па ѝ се заканил. Обвинетиот ѝ рекол на Кеси дека ако повторно го разгневи, ќе го објави видеото на кое таа има секс со машка проститутка, а кое Диди го чувал за уценување.
Тој чувал сувенири од најпонижувачка ноќ од нејзиниот живот“.
Погледнете и: „10 години ме тепаше и ме снимаше додека имам секс со други мажи“: Бившата на Пи Диди со скандалозни обвиненија
Одбраната на раперот, пак, излезе со тврдење дека обвинителите само драматизираат. Односно, Диди бил насилен со неговите девојки, но дека не е виновен за трговија со луѓе и принудна проституција.
„Шон Комбс е комплициран маж, но ова не е комплициран случај. Овој случај е за љубов, љубомора, неверство и пари. Запрашајте се - зошто сведоците сега излегуваат со овие обвиненија? Кој е нивниот мотив?
За многу од нив, одговорот е едноставен – пари“, го започна излагањето едниот од адвокатите.
Првиот сведок кој го претставија обвинителите беше полицаецот Израел Флорез кој во 2016-та работел како обезбедување во хотел во Лос Анџелес.
Тогаш, во хотелот се случил нападот на Диди врз бившата девојка Кеси, кој е снимен на безбедносните камери, а видеото стана вирално. На видеото се гледа како Диди ја влече Кеси и силно ја удира.
Полицаецот изјави дека добил повик за „вознемирена жена“ на шестиот кат. Кога отишол таму, Кеси седела во аголот од собата и си го криела лицето, додека Диди бил седнат на стол и носел само крпа.
Сведокот откри дека со својот телефон, тој го снимил видеото од безбедносната камера.
Вториот сведок на вчерашното сослушување беше Даниел Филип кој работи како машки ескорт. Тој учествувал во озлогласените забави на музичарот и откри дека траеле и до десет часа.
Сведокот изјави дека добивал и до 6.000 долари за една ваква забава, како и дека раперот го терал да има односи со Кеси. Некогаш и ги снимал.
Тој зборуваше и за други инциденти, кога раперот физички ја напаѓал Кеси дури и пред него.
Во една пригода, раперот ѝ рекол на Кеси да дојде во другата соба, каде што бил тој. Но, кога му рекла да почека една минута, раперот фрлил стаклено шише кон неа.
На прашањето зошто не ѝ помогнал, сведокот изјави:
„Бев шокиран. Бев преплашен. Не знаев што да правам. Знаев и дека сигурно има четири, пет телохранители во другата соба. Си помислив дека ако пробам да направам нешто, ќе го изгубам животот“.
Сведокот многупати сведочел на лошиот третман што го добивала Кеси, па ја молел да го остави.
„Ја прашав зошто го прави ова, зошто останува со него. Пробував да ѝ објаснам дека е во вистинска опасност ако остане со него.
Но, таа како да пробуваше да ме убеди дека е во ред, дека ќе биде во ред, а јас ѝ реков дека не е и дека треба да побара помош“.
За време на сведочењето на ескортот, ќерките на Диди двапати излегле и влегле во судницата, видно вознемирени од сведоштвата.
Судењето на Диди ќе трае десет недели и ќе бидат слушнати сведоштва на бројни сведоци. Ќе бидат прикажани и видеа и бројни други физички докази кои ја потврдуваат вината на раперот.
Покрај поранешната девојка Кеси, не се познати имињата на другите сведоци, но сосема возможно е да има и некоја позната личност која присуствувала на забавите или некако е поврзана со случајот.
Диди се соочува со казна затвор од најмалку 15 години, но има можност да го помине и целиот живот зад решетки.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





