„Ме дрогираше и со денови ме тераше да спијам со други мажи за да ме снима“: Бившата на Диди со потресно сведоштво на суд
- Детали
- среда, 14 мај 2025
„Останував будна со денови, земав дрога и други супстанции, пиев алкохол. Имав секс со непознати луѓе со денови. Забавите траеа од 36, 48 до 72 часа. Најдолгата траеше четири дена. Можеби и повеќе“, изјави поранешната девојка на Пи Диди која сведочеше вчера.
Вчера (13.05) Кеси Вентура се соочи со Пи Диди во судница, каде сведочеше за траумата што ја трпела од музичарот во нивната 10-годишна врска.
38-годишната Кеси се појави на суд и покрај тоа што е во осмиот месец од бременоста и досега таа е третиот сведок во случајот.
Во потресното сведоштво, Кеси откри дека 55-годишниот рапер ја присилувал да учествува во неговите озлогласени забави познати како Freak Offs, каде ја терал да има секс со машки проститутки додека тој гледа.
Кеси, која е 17 години помлада од музичарот, откри и како ја заплашувал и уценувал за да може да ја контролира и да ја спречи да го напушти.
Од друга страна, одбраната на музичарот тврди дека сè што се случувало на забавите било со согласност од страна на Кеси (и другите жртви) и дека иако раперот имал „настрани“ сексуални фантазии, никогаш не присилувал некој на проституција.
Кеси и Диди ја почнале врската во 2006-та, кога таа имала само 19 години, а тој не чекал за да го покаже своето вистинско лице.
„Ме удираше по главата, ме туркаше, ме влечеше, ме клоцаше, ми ја газеше главата ако бев на земјата“, раскажува Кеси за физичкото насилство што го преживеала.
Таа зборуваше и за мигот кога раперот првпат ѝ ја предложил идејата за развратните забави:
„Во првата година од нашата врска, ми предложи нешто што го нарече воајеризам – тој да ме гледа како имам однос со некој друг, поточно друг маж.
Набрзо сфатив дека тоа не е нешто што сакам да го правам. Особено бидејќи стана многу често, но тогаш бев вљубена во него, сакав да го усреќам. И, потоа дојде до фаза кога и немав баш избор“.
Додека биле заедно, Диди почнал да го контролира секоја аспект од животот на Кеси, а ја уценувал со видеата што ги снимал од неа за време на забавите.
Ѝ се заканувал дека ќе ги објави онлајн ако не прави како што ќе ѝ каже, односно ако одбива да присуствува на забавите и да спие со други мажи по негова наредба.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





