„Ме дрогираше и со денови ме тераше да спијам со други мажи за да ме снима“: Бившата на Диди со потресно сведоштво на суд
Кеси вели дека мислела дека ќе имаат моногамна врска, но тоа брзо се променило.
„Како што велеше самиот – ’Јас сум Паф Деди, а Паф Деди има многу жени‘“.
Што се однесува до забавите, Кеси се чувствувала понижено.
„Се чувствував ужасно, одвратно. Бев понижена. Не можев да зборувам со никој за ова. Генерално, забавите станаа како работа по која немаше простор за ништо друго, освен да пробам да закрепнам и да се чувствувам нормално.
Останував будна со денови, земав дрога и други супстанции, пиев алкохол. Имав секс со непознати луѓе со денови. Забавите траеа од 36, 48 до 72 часа. Најдолгата траеше четири дена. Можеби и повеќе“.
Кеси откри дека музичарот ја терал таа да наоѓа машки проститутки, стриптизети и танчари за да има односи со нив додека тој гледа, без разлика што таа не сакала.
Кеси првпат била на ваква забава во 2008-ма, кога имала 22 години, а последен пат во 2017 или 2018 година.
Забавите се случувале околу еднаш неделно, и тоа низ разни градови во светот, како Њујорк, Лос Анџелес, па и Ибица.
Како претходните сведоци, и Кеси потврди дека раперот ги организирал забавите и криминалните активности со свои вработени, како телохранители. Кеси и еден од вработените на Диди ги закажувале хотелските соби, најчесто под псевдоним.
Бившата на Диди морала да учествува во забавите дури и кога имала менструација.
Развратните забави не биле единствената тортура што ја трпела Кеси.
Имено, раперот бил избувлив и таа никогаш не знаела кога ќе се појави кај на дома и дали ќе биде среќен или гневен.
„Ако направам и само погрешен израз, ќе ме удреше по лицето… Не сакав да ми се лути или да не ми верува. Беше страшна личност, беше насилен“.
Тој го контролирал и секој аспект од животот на Кеси, од кариерата до начинот на којшто изгледа. Некогаш ѝ ги земал и телефонот и лаптопот, и тоа на подолги периоди, за да ја казни.
Кеси додава и дека музичарот ја заплашувал со оружје кое го оставал насекаде низ домот.
„Насекаде имаше пиштоли – уште тогаш мислев дека тоа тактика за да ме заплаши“.
Судењето на Диди ќе продолжи и денес, а ќе трае десет недели. Се очекува меѓу сведоците да бидат многуте мажи и жени кои го обвинуваат раперот за сексуално и физичко малтретирање, вклучително и на неговите забави.
Некои од жртвите тврдат дека на овие забави имало и славни личности, како Џеј Зи кој наводно силувал 13-годишно девојче.
Погледнете и: Ги дрогирал жените, ги принудувал на проституција и ги снимал: Започна судењето на Пи Диди, ќерките ја напуштија судницата
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





