Џим Кери, Робин Вилијамс: Познати комичари со депресивни животни приказни
- Детали
- недела, 25 мај 2025
Девојката на Џим Кери изврши самоубиство, додека последните денови од животот на Робин Вилијамс биле исполнети со анксиозност и параноја.
Некои од најпознатите и најпопуларните комичари во светот се далеку од среќни луѓе.
Иако успеваат да го насмеат целиот свет, приватно се соочуваат со трагедии како смрт на блиски личности или проблеми со менталното здравје.
Познати комичари чии животни приказни се навистина депресивни:
Џим Кери
Џим Кери е еден од најпознатите комичари и заработи милиони со неговите филмови. Но, неговите почетоци не биле лесни – голем дел од тинејџерските години ги поминал во сиромаштија, а извесен период бил и бездомник.
Дури и откако се прослави и стана успешен, актерот се соочи со трагедија – во 2015 година, неговата девојка изврши самоубиство.
И покрај статусот што го ужива во Холивуд, актерот страдал и од депресија, и тоа во поголемиот дел од својот живот. Тој направи и пауза од кариерата поради проблемите со менталното здравје.
„Депресијата се случува кога не го прифаќате она што е и кога глумите дека сте некој друг. Па, кога јас пробував да го глумам Џим Кери (што го знаат сите), имав депресија. Сега веќе не го правам тоа“.
Патон Освалт
Иако можеби не е популарен колку Џим Кери, Патон Освалт е актер што сигурно сте го виделе во некоја комедија или ситком серија. Важи за еден од најдобрите комичари во Холивуд, но како Џим Кери, и тој се има соочено со трагедија.
Актерот, кој работи и како сценарист, десет години беше во брак со неговата сродна душа – сопругата Мишел – а заедно добија и ќерка.
Но, во 2016 година, Мишел ненадејно почина, па актерот остана со скршено срце и сам со неговата ќерка.
Тој многупати има зборувано за загубата на сопругата, истакнувајќи дека денот кога починала бил најлошиот од неговиот живот.
Пит Дејвидсон
За светот, Пит Дејвидсон е попознат како бившиот дечко на Аријана Гранде и Ким Кардашијан, но тој е и мошне популарен комичар.
Кариерата ја почна во шоуто Saturday Night Live и брзо стана меѓу омилените ТВ комичари. Сепак, и тој немал баш лесен живот.
Во 2001-ва, за време на нападите на кулите „Близначки“, загинал неговиот татко кој бил пожарникар. Тогаш Пит имал само седум години.
Поради траумата од трагедијата, Пит се соочувал со низа проблеми со менталното здравје.
Додека одел на училиште доживеал нервен слом, а еднаш на Инстаграм сподели дека сака да си го одземе животот, по што веднаш ја избриша објавата, а потоа и целиот профил.
За среќа, Пит не посегнал по својот живот и вели дека сега оди на терапија и се чувствува многу подобро.
Џон Белуши
Како Пит Дејвидсон, и Џон Белуши се прослави благодарение на Saturday Night Live и впрочем беше дел од првата постава на шоуто. Поради талентот, брзо се прослави, па почна да работи и на други проекти.
Но, како што му се зголемуваше славата, се влошуваше и неговиот проблем со зависност од кокаин. Почнал да користи дрога толку често, што неговите блиски соработници пробале да го натераат да оди на рехабилитација.
Не само што не успеале, туку Џон почнал да користи и хероин, за на само 33-годишна возраст да се предозира и да почине.
Робин Вилијамс
Веројатно не постои личност која не го сака Робин Вилијамс. Неговите забавни и емотивни филмови го одбележаа детството на многу генерации, а покрај како комичар, Робин многупати се докажа и како сериозен актер.
И покрај тоа што умееше да го расположи целиот свет, приватно, актерот се соочувал во свои мрачни проблеми.
Во 1970-тите и 1980-тите актерот бил зависен од кокаин, но штом успеал да се ослободи од оваа зависност, почнал да пие.
Со години имаше проблеми со депресија, а при крајот од животот страдаше и од деменција. Деновите пред смртта на актерот биле исполнети со анксиозност и параноја, за на крај во 2014 година да си го одземе животот.
Стив Мартин
Стив Мартин се има појавено во некои од најпознатите холивудски комедии и важи за еден од најдобрите во својот жанр. Но, неговиот живот бил далеку од среќен.
Најпрво, актерот имал лош однос со татко му и со години воопшто не зборувале.
Откако се прослави, фактот што им бил идол на милиони луѓе не му помагале кога се чувствувал осамено.
„Изведував пред 20.000 луѓе, и сепак се чувствував осамено“, има изјавено во една пригода.
Имал проблеми и во љубовта и успеа да стане татко дури во доцните 60-ти години.
Сепак, вели дека по раѓањето на ќерка му се чувствувам многу поисполнето и поради семејството не се чувствувал толку осамено како на врвот на кариерата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





